Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Брисел: 1845-1848: Смена од неможејќи во не можејќи, не може се пишува одделно
с →‎Келн: 1848–1849: Правописна исправка, replaced: неможејќи → не можејќи
Ред 79:
Привремено населувајќи се во Париз, Маркс го пренел извршниот штаб на Сојузот на комунисти во градот и исто така формирал Германски работнички клуб со разни германски социјалисти кои живееле таму. Во надеж дека ќе ја види револуцијата проширена во Германија, во 1848 година Маркс се преселил назад во Келн, каде започнал да издава леток под наслов „Барањата на Комунистичката партија во Германија“, во кој тој расправал само за четири од десетте точки на „Комунистичкиот манифест“, верувајќи дека во Германија во тоа време буржоазијата мора да ја собори феудалната монархија и аристократијата пред пролетаријатот да може да ја собори буржоазијата. На 1 јуни, Маркс започнал со објавување на дневен весник, Neue Rheinische Zeitung, кој тој го помогнал финансирањето преку неодамнешното наследство од неговиот татко. Создаден да објавува вести од цела Европа со негово марксистичко толкување на настаните, весникот го прикажал Маркс како примарен писател и доминантно уредничко влијание.
 
Додека бил уредник на весникот, Маркс и другите револуционерни социјалисти биле редовно малтретирани од полицијата и Маркс бил изведен пред суд во неколку наврати, соочувајќи се со разни обвинувања, вклучувајќи навредување на главниот јавен обвинител, сторен новинарски прекршок и поттикнување на вооружен бунт преку бојкот на даноци, иако секој пат бил ослободуван. Во меѓувреме, демократскиот парламент во Прусија се распаднал и кралот, Фредерик Вилијам IV, вовел нов кабинет од неговите реакционерни поддржувачи, кои спровеле контра-револуционерни мерки за протерување на левичарските и другите револуционерни елементи од земјата. Како резултат, Neue Rheinische Zeitung наскоро бил задушен и на Маркс му било наредено да ја напушти земјата на 16 мај. Маркс се вратил во Париз, кој тогаш бил под контрола на реакционерна контра-револуција и епидемија на колера и наскоро бил протеран од градските власти, кои го сметале за политичка закана. Со својата сопруга Џени очекувајќи го своето четврто дете и неможејќине можејќи да се врати назад во Германија или Белгија, во август 1849 година тој побарал прибежиште во Лондон.
 
=== Преселба во Лондон и понатамошни дела: 1850–1860 ===