Кичево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати, многу пати → многупати
Нема опис на уредувањето
Ред 169:
Кичево и [[Кичевско]] престанува да биде под турска власт во [[1912]] година по завршувањето на [[Првата балканска војна]]. Во овој период се случува [[Охридско востание|Охридско-дебарското востание]] во кое страдањето на населението било уште поголемо, особено во [[Втората балканска војна]] кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.
Во [[1919]] година со Версајската конференција овој регион му припаѓа на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]] коe водело политика на асимилација на населението. За време на Кралството СХС во чаршијата се градат убави згради (зградата на денешниот музеј, хотел Солун, кафеана „Велика Жупа“...). Трговијата повторно заживува. Се гради и теснолинејката која ќе го поврзе Кичево со Охрид. Зградата на поранешната железничка станица сè уште постои и се наоѓа на 100 метри од чаршијата, а остатоци од шините до неодамна се познаваа. Подем добива и спортскиот живот. Овој период може да се окарактеризира некаков своевиден подем, но во основа зацрнет поради големосрпската пропаганда над населението. Во овој период од почетокот на векот до 1940 година чаршијата има над 200 дуќани и занаетчиски работилници, хотели, пекари...
[[Податотека:Владимир Полежиноски.jpg|алт=Владимир Полежиноски|лево|мини|Владимир Полежиноски|233x233пкс]]
Во неверојатно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација во [[1941]] година. Кичевско потпаѓа под италијанска окупација. Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи. Од градот и околината се произлезени многу [[партизани]]. Во октомври [[1941]] година, [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формира месниот комитет на [[Комунистичка партија на Македонија|Комунистичката партија]], во кој подоцна станува член и еден од најистакнатите кичевчани на сите времиња, д-р [[Владимир Полежиноски|Владимир Полежина (Полежиноски)]]. Во почетокот Кузман Јосифовски не се сложил Полежина да влезе како член на [[КПМ]], бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците како него, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. По заедничката средба, Кузман Јосифовски сфатил дека Полежина како убеден демократ и антифашист треба да биде член на [[КПМ]]. На 15 декември 1941 година е формирана првата партиска организација во село [[Карбуница]].
=== 11 септември – ден на ослободувањето на Кичево ===
[[Податотека:Spomen-kosturnica u Kičevu.JPG|мини|лево|Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ]]
 
На [[11 септември]] [[1943]] година, непосредно по капитулацијата на [[Италија]], партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.<ref>[http://kicevo.mk/11-septemvri-den-na-osloboduvanjeto-na-kicevo/ „11 септември – Ден на ослободувањето на Кичево“]</ref> Со тоа Кичево стана '''првиот слободен град''' и слободна територија заедно со [[Дебрца]] во [[Македонија]]. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколкупати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот. За првпат на дело се почувствувала заедничката слобода. На [[26 септември]] е одржан голем народен митинг. На балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна [[Бугарија|фашистичка Бугарија]] во околината на [[Бигор Доленци]]. Лојалноста на овие единици била многу кратка. За помалку од еден месец од правец на [[Гостивар]] започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината [[Буковиќ (планина)|Буковиќ]] од малубројната но силно мотивирана чета на чело со [[Мирко Милески]] која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните биле принудени да се повлечат кон [[Копачка (област)|Копачка]] и на [[2 октомври]] [[1943]] година Кичево е повторно окупирано. Накратко, од 1 до [[6 ноември]] 1943 Кичево повторно било ослободено,<ref>„Кичево и Кичевско во НОВ: документи“, Кичево, 1985, 193 стр.</ref> а конечно било ослободено на [[15 ноември]] [[1944]] година.
 
Ред 526 ⟶ 524:
 
Случајно на тлото на Китино Кале се пронајдени фино делкани мермерни столбови кои укажуваат на постоење на црква. На врвот на тврдината постоел дворец во кој живеел управникот на тврдината и областа. Можно е овој дел да бил преграден, со што самата тврдина се делела на два дела. Подолу, во делот на денешниот парк биле воени згради и збег за околното население во случај на опсада. Кај денешниот водовод постоела стара цистерна за вода, дождовница. Преданијата говорат и за подземен тунел кој бил користен за бегање во случај на пробивање на ѕидините. Тунелот излегувал кај месноста Чука. Неговото постоење е многу веројатно. Под калето има пештера која не е истражена.
Тврдината имала воена посада по доаѓањето на Османлиите на овие простори во 1385 година. Нејзината улога особено пораснала за време на востанието на [[Скендербег]] кога големи воени единици биле сместени на овој простор за дејствување против востаниците. По освојувањето на тврдината во Светиград (денешен Коџаџик), значењето на кичевската тврдина се намалило и станала помалку значајна.[[Податотека:Spomen-kosturnica u Kičevu.JPG|мини|Спомен-костурницата на паднатите борци во НОБ од Кичевско|226x226пкс]]
[[Податотека:Спомен-костурница во Кичево.jpg|алт=Релјефот на спомен-костурницата во Кичево|мини|228x228пкс|Релјефот на спомен-костурницата во Кичево]]
'''Спомен-костурница'''
 
Во 1968 година на Китино Кале изградена е спомен-костурница за околу 500 паднати борци во НОБ (1941-1945) од Кичево и Кичевско. Костурницата и релјефот се изработени од македонскиот вајар [[Јордан Грабулоски]], сопруг на Искра Грабулоска, кичевчанка и ќерка на Борис Спиров, лекар од [[Брждани]] и втор претседател на македонското Собрание. На местото каде што е изградена костурницата постоела убава цитадела која конечно е разрушена околу 1850 година во еден бунт на кичевскиот бег кој се одметнал од [[Отоманско Царство|Османлиското Царство]]. Во таа цитадела во средновековието и антиката живееле управниците на градот заедно со војската која го контролирала патот и околината. Легендарната Кита, сестрата на Крал Марко живеела токму тука и веројатно била последната христијанска владетелка на кичевските простори. На местото на денешната спомен-костурница во минатото имало три споменици, изградени од срушени од различни власти. Во 1920-тите години на калето бил подигнат споменик на српскиот крал [[Петар I Караѓорѓевиќ]]. За време на Втората светска војна, тогашните привремени власти го отстраниле претходниот споменик и на негово место го поставиле споменикот на [[Скендербег]]. Не смениле ништо друго. Овој споменик останал кратко и по ослободувањето во 1945 година. Иако Скендербег има традиција на почитување кај сите луѓе на овие простори, тој подоцна сепак бил тргнат. Подоцна, на истото место е поставен грандиозен с[[Олга Мицеска (споменик)|поменик на народниот херој - кичевчанката Олга Мицеска]]. Овој споменик во тоа време бил еден од најголемите во Македонија. Олга Мицеска на само 17 години загинала во четата заедно со Мирко Милески во одбрана на единствената слободна територија на Буковиќ во 1943 година. Споменот кај кичевчани за оваа девојка секогаш останал силен. Овој споменик бил во форма на хероина која ја најавува слободата. Но во 1960-тите години овој споменик срушен бидејќи тогашните градски власти оцениле дека е неморален поради разголеноста на девојката што било спротивно од комунистичкиот режим. Иако оваа постапка наишла на неодобрување кај населението, споменикот бил урнат и до ден денес негови остатоци можат да се најдат расфрлани низ калето.
 
[[Податотека:Muzej na Zapadna Makedonija-Kicevo.jpg|мини|лево|Музејот во Кичево]]
 
'''''Музеј на западна„Западна Македонија во НОБ“'''''
* Од посебно значење е што во текот на [[Втората светска војна]] во денешната зграда на музејот престојувал Главниот штаб на [[Народноослободителната борба|Народноослободителната војска на Македонија]]. Постојаната поставка во музејот ни ја прикажува борбата на македонскиот народ за слобода во XIX и XX век, низ документи составени од автентични материјали, предмети, фотографии, скици, карти, знамиња, макети, текстови. Поголем дел од музејот им е отстапен на фреските и мозаиците. Покрај историскиот дел, музејот е и во постојана потрага по археолошки предмети. Извршени се поголем број археолошки ископувања, особено на наоѓалиштата Кнежински манастир, [[Миокази]] и [[Карбуница]]. Музејот врши авторска и изложбена дејност и организира ликовни изложби. Формирана е и етнолошка збирка, која се состои од носии од Кичевијата од XIX век, предмети од покуќнина, народни ткаенини.
[[Податотека:Kicevo narrow gauge train.JPG|мини|Малиот воз „'''Ќирчо'''“ поставен пред автобуската и железничката станица во Кичево]]
'''''Возот Ќирчо'''''
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кичево