Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Основање на тимот: Правописна исправка, replaced: Подршка → Поддршка
с →‎1993-1995:Првото пензионирање на Џордан: Правописна исправка, replaced: петиот → петтиот (2)
Ред 55:
 
==1993-1995:Првото пензионирање на Џордан==
Есента 1993 година Џордан ја шокираше кошаркарската заедница со изјавата за негово пензионирање, неколку месеци откако тој дознал за убиството на неговиот татко. Булс тогаш беа предводени од Скоти Пипен, кој себе си се постави меѓу најдобрите играчи во лигата со освојувањето на наградата за највреден играч на Ол Стар (All-star games) натпреварите 1994 година.Тој беше потпомогнат во играта од Хорас Грент и Б.Џ Армстронг кои таа сезона беа за првпат одбрани за Ол Стар (All-star games) натпреварите.Останатиот дел од екипата на Булс беше составен од Картврајт, Пердју, Пит Маерс со позиција бек и дебитантот од Хрватска Тони Кукоч. И покрај 55-те победи на Булс во сезоната 1993/94 година, тие изгубија од Никс во втората рунда од плејофот, по свирнувањето на контраверзен прекршок од страна на судијата Хју Холинс во петиотпеттиот натпревар меѓу Булс и Никс. Тимот на Никс евентуално таа сезона стигна до финалето, но за жал загуби од тимот ,,Хјустон Рокетс’’.Следната сезона, односно 1994/95 година Булс ја забележија со заминување од стадионот во Чикаго кој беше нивни дом цели 27 години, тие го преселија клубот во Јунајтед центарот (United Center).
Во 1994 година Булс ги заврши договорите со Хорас Грент, Бил Картврајт и Скот Вилијамс, а пак Џон Паксон замина во пензија.Тие како замена ги земаа Рон Харпер со позиција бек за кој се зборуваше дека е класа на играч како Џордан и Џод Бушлер со позиција крило.
Булс во тогашниот состав ги имаше Армстрон и Харпер во одбранбените позиции, Пипен и Кукоч во позициите за напад и Пердју како центар.Покрај оваа петорка тие како замени ги имаа Стив Кер кој имаше многу прецизен шут, а тимот го донесе во своите редови пред сезоната 1993/94 година, Маерс и центрите Лук Лонгли (кој беше купен од тимот ,,Минесота Тимбервулвс’’ 1994 година) и Бил Венингтон.И покрај добрата екипа тимот се соочуваше со кризен период сезоната, но на 17 Март 1995 година добија новост дека Мајкл Џордан ќе се врати од пензија.На само петиотпеттиот натпревар од неговото враќање, Мајкл погоди 55 поени против Никс и го обезбеди пласманот Булс во плејофот каде го вознемири тимот ,,Шарлот Хорнетс’’.По неколку победи во првиот дел од плејофот, тие се соочија против тогашниот шампион, тимот ,,Орландо Меџик’’ каде што играа Хорас Грен, Анферне Хардавеј и Шекил O’Нил.Булс за жал не успеаа да ги победат тој плејоф.Кога Џордан се врати од пензија тој на првите неколку натпревари го носеше дресот со број 45 ( број на дрес со којшто играл во дебитантските години во универзитетската лига и втората лига). Тој го одбрал бројот 45 поради тоа што неговиот постар брат Лери го носел тој број во средно школо, а пак Мајкл сакал да биде барем пола успешен од тоа што бил брат му. Затоа тој го избрал бројот 23 што доаѓа како пола од 45 ( односно 22.5). Мајкл овој дрес со број 45 го носел само неколку натпревари, бројот 23 го сменил кога го играле вториот натпревар против Орландо Меџик тој плејоф. Во наредната предсезона, Булс го завршија договорот со Армстронг, и Краус го продаде Вил Пердју на тимот ,,Сан Антонио Спурс’’, за агресивниот и контраверзен специјалист во скокови во напад и одбрана Денис Родман кој ги освоил титулите за скокови четири години во низа.Тој е познат и како поранешен член на тимот ,,Детроит Пистонс’’ често нарекуван ,,Лоши момчиња’’ кој бил главен непријател на Булс во касните 1980-ти години.
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==