Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
с →‎top: Исправка на име, replaced: Њу Мексико → Ново Мексико
Ред 57:
Озборн, започна да формира соло-проект, каде членуваа поранешите членови на Д’рти Трикс (Dirty Tricks) Џон Фрејзер-Бини, Тери Хорбри и Енди Бим. Новиот бенд почна со проби во јануари 1978 година, но Озборн се премисли и се врати во Блек Сабат. “Три дена пред да одиме во студио, Ози реши да се врати во бендот", објаснува Ајоми". Тој не сакаше да пее ниедна од песните кои ги напишавме со другиот, па тоа ја отежна работата. Влеговме во студиото во суштина без песни. Пишувавме рано наутро за да можеме да пробуваме и да снимаме навечер. Тоа беше многу тешко, како подвижна лента, затоа што не можеш да добиеш време да размислуваш за нешто. "Дали е ова точно? Дали она работи правилно? Тоа за мене беше многу тешко, толку набрзо да ми произлезат идеи и да ги составам.
Бендот за време пет месеци во Саундс Интерчејнџ Студијата (Sounds Interchange Studios) во Торонто, Канада, го напишува и сними албумот ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)."Тоа е навистина долго време", изјави Ајоми. Многу се дрогиравме, навистина многу. Ќе одевме на сесија и моравме да се завршиме пред време и да си одиме бидејќи бевме премногу издрогирани. Никој не можеше да направи ништо како што треба, бевме расфрлани насекаде, сите свиреја различно. Се враќавме дома, преспивавме и се обидувавме повторно следниот ден".Албумот е издаден во септември 1978 година.Достигна до12то место во Велика Британија, и 69то во САД. Коментарите во весниците беа негативни и не се подобрија. Две децении по издавањето на албумот, Едуардо Ривадавиа од Ол Мјузик нзјави дека“несконцентрираните песни од албумот совршено рефлектираат на личните проблеми и консумирањето дрога на членовите од бендот”.На албумот се најдоја сингловите”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)и "Тежок пат" (Hard Road), и двете влегоја меѓу најдобрите 40 во Велика Британија, а бендот излезе на нивниот втор настап на “Врвот на популарните” (Top Of The Pops), каде ја отсвирија”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!). За речиси 20 години албумот доби сертификат за златна плоча.
Во мај 1978 започна турнејата за ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!) со Ван Хален (Van Halen) како предгрупа.Критичарите за изведбата рекоја дека е “уморна и неинспирирана”, целосен контраст на "младешкиот" настап на Ван Хален, коиза првпат беа на светска турнеја. Во јуни 1978 година Блек Сабат снимија еден настап на Хамерсмит Одеон, кој подоцна беше издаден на DVD под името ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!).Последниот настап од турнејата, воедно и последниот настап на Озборн со бендот (до подоцнежното повторно соединување), беше во Албакрки, ЊуНово Мексико на 11 декември.
После турнејата, Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес и повторно изнајмија куќа во Бел Ер, каде што поминаа речиси една година работјќи на материјалот за следниот албум.Во 1979 година, по притисок од издавачката куќа, и фрустрациитепоради недостатокотод идеи на Озборн, Тони донесе одлука да го отпушти Ози Озборн од бендот. "Во тоа време, Ози бешепри крај", рече Ајоми. "Сите многу се дрогиравме, многу кокаин, се по многу и Ози во тоа време премногу се пијанеше. Требаше да се проба,а ништо не се случуваше. Тоа изгледаше вака:"Ќе правиме проба денес? Не, утре ќе правиме”. Тоа се влоши премногу што не правевме апсолутно ништо. Едноставно згаснавме”. Тони го избра Тапанарот Бил Ворд, кој беше близок со Озборн, да му ја соопшти веста на пејачот. “Се надевам дека бев професионален, всушност може и да не бев. Ужасен сум кога сум пијан, дури и одбивен”вели Ворд. “Алкохолот дефинитивно беше една најштетните работи заБлек Сабат. Бендот беше отровен, многу отровен”.