Лазар Поп-Трајков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Причините за убиството на Лазар Поп Трајков: Правописна исправка, replaced: Многу пати → Многупати
с →‎Илинденското востание: Јазично подобрување, replaced: лидерс → водач
Ред 74:
{{Цитатник|''Грозен впечаток ми направија, што сите беа капнати, голи, боси, како цигани, и насекаде гонети од војската, изгладнети беа како волци. Од 300—400 души, што тргнале од Костурско, беа останале до 130 души, а другите се одделувале на групи и си оделе во своите родни места. Но спрема прилепските четници предизвикаа восхитеност во нас. Споредувањето беше, што тие беа херои спрема нашиве баби. Еланот во нив не беше убиен''}}
 
Се договораат заедно со четата на Ѓорче Петров (останати само 10 четника), да одат во Леринско и таму да ја дигнат во воздух железничката линија. Кон нив се придружува и Лука Иванов (подоцна станува воденски војвода) и Јово Јововиќ (Црногорец по народност, доброволец во востанието). На пат кон предвидената цел, кај мариовското село [[Чаништа]] групата од 160 души четници е нападната од 5.000 души аскер. Започнува лута битка. Врвовите окупирани од востаниците се задржени благодарение на фанатичноста на војводата Иван Попов, Јово Јововиќ, храброста на Костурчани, како и лидерскитеводачките способности на Лазар Поп Трајков. Турците еден по еден праќаат фанатички напади во коишто паѓаат како покосени многу аскери.
 
Кога вечерта се стемнува, четите го пробиваат обрачот и се извлекуваат. Оваа битка е еден од најголемите порази на Турците за време на востанието. Востаниците даваат 4 жртви и 6 ранети, додека Турците имаат 400 мртви (според Попов се 400, а според Ѓорче Петров се меѓу 200-300). Во оваа битка Лазар Поп Трајков е лошо погоден во устата и решава да се врати во Костурско да се лекува.