Анри Динан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (2)
с →‎''' Црвен крст ''': Јазично подобрување, replaced: лидерство → водство
Ред 30:
Динан започнал и да патува низ Европа за да ги промовира своит идеи. Пошироко, неговата книга била позитивно прифатена, а Претседателот на Женевското општество за јавно богатство, правникот [[Густав Мојние]], овозможил книгата и неговите предлози да бидат тема на состанокот на организацијата одржан на 9 февруари 1863 г. Препораките на Динан биле разгледани и позитивно оценети од страна на членовите. Создале комитет од 5 лица за понатаму да ја продолжат можноста за нивно спроведување, а Динан бил еден од членовите. Другите биле Мојние, [[швајцарски]]от генерал на војската Хенри Дуфор, и докторите Луј Апија и Теодор Мајноар. Нивниот прв состанок, на 17 февруари 1863 г., денес се смета за датум на основањето на [[Меѓународен комитет на Црвениот крст|Меѓународниот комитет на Црвениот крст]].
 
Од почетокот па натаму, Мојние и Динан имале сè поголеми несогласувања и судири во однос на нивните сопствени визии и планови. Мојниер сметал дека идејата на Динан да основа неутрална заштита за оние кои ќе обезбедуваат нега за ранетите е неверојатна и го советувал Динан да не инсистира за таков концепт. Сепак, Динан продолжил да ја застапува оваа позиција во неговите патувања и разговори со високо рангирани политички и воени фигури. Тоа го засилило личниот конфликт помеѓу Мојние, кој зазел прилично прагматичен пристап кон овој проект, и Динан, кој бил визионерскиот идеалист помеѓу петте члена. Тоа го предизвикало Мојние да направи напори за напад на Динан и да се обиде да го преземе лидерствотоводството.
 
Во октомври 1863 г., 14 земји учествувале на состанокот во Женева, организиран од страна на Комитетот, за дискусија околу подобрувањето на грижата за ранетите војници. Сепак, Динан бил само лидер на протоколот поради напорите на Мојние да ја потцени неговата улога. Една година подоцна, на 22 август 1864 г., дипломатска конференција организирана од страна на швајцарското Собрание, придонела за потпишување на [[прва женевска конвенција|првата Женевска конвенција]] од страна на 12 земји. Повторно, Динан бил задолжен само околу организирањето на сместување за присутните.