Песна за Роланд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Ракопис и датирање: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎Историски контекст: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 58:
== Историски контекст==
 
Приказната е базираназаснована на релативно малата битка во Ронсево на [[15 август]] [[778]] година, при што ариергарда на франките кои се повлекувале, на чело со Карло Велики, биле нападнати од баскијски нередовни армии, а не од сарацинската армија. Конфликтот е опишан од историчарот Ајнхард во неговата книга ''Животот на Карло Велики'', напишана во околу 830 година, каде заробените војници, од кои само Роланд е споменат по име (но тој не бил внук на Карло Велики), биле убиени сите до еден и гонење на напаѓачите немало, бидејќи лесното вооружување и познавањето на теренот им овозможувало брзо да побегнат. Карло Велики не се враќа во Шпанија, а оди во Германија, каде ги покорува Саксонците.
 
Според арапскиот историчар од 13 век Ибн ал-Атхир, Карло Велики влегол во Шпанија по барање на гувернерот на Сарагоса Сулејман ал-Араби, за да му помогне да го задуши востанието на калифот на Кордоба. Пристигнувајќи пред Сарагоса и откривајќи дека ал-Араби си ја променил одлуката, Карло Велики го нападнал градот и го заробил ал-Араби. Синовите на ал-Араби се здружиле со Баскија, за да им приредат заседа на војските на Карло Велики при преминот Ронсево и да го ослободат својот татко.