Ентропија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Теории засновани на ентропијата: Јазична исправка, replaced: базиран → заснован
Ред 18:
каде што T<sub>1</sub> е температурата на системот кој ја прима топлината, па затоа е со позитивен предзнак, додека T<sub>2</sub> е температурата на системот кој ја оддава топлината, поради одземањето на Q, тој дел има негативен предзнак. Јасно е дека T<sub>1</sub> < T<sub>2</sub>, па поради тоа што Q во двата дела од равенката има иста вредност (количеството топлина коешто се прима од едниот систем е исто со количеството топлина коешто го оддава другиот систем), <math> \Delta S </math> ќе има секогаш позитивна вредност.
 
== Теории базиранизасновани на ентропијата ==
=== Топлинска смрт на универзумот ===
Поради тоа што целиот унивезум може да се земе како еден затворен термодинамички систем, од својствата на ваквите системи можеме да сфатиме дека ентропијата во универзумот секогаш ќе расте, обидувајќи да достигне максимална вредност. Поради овој факт, Стивен Хокинг смета дека еден од можните краеви на универзумот каков што го знаеме е - ентропијата ја достигнува својата максимална граница, тоа значи дека светот го достигнал својот термодинамички еквилибриум: се во универзумот има иста температура. Работата може да се врши само доколку има разлика во температурите на два ситеми, а поради тоа што во таа хипотетичка ситуација нема да има два системи со различна температура, универзумот ќе биде во неможност за вршење на работа.