Академска диплома: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Еволуција на терминологијата за дипломите: Јазична исправка, replaced: 19-от век → XIX век using AWB
с Јазична исправка, replaced: базиран → заснован (2)
Ред 23:
=== Појава на универзитетската диплома ===
 
Во средновековните европски универзитети, кандидатите кои завршувале три или четири годишни студии во пропишаните текстови на trivium (граматика, реторика, и логика) и quadrivium (математика, геометрија, астрономија и музика), заедно познати како Либерална Уметност, и кои успешно ги положувале испитите одржани од страна на нивните наставници, добивале признание за универзитетска диплома за уметности, од латинскиот baccalaureus, термин кој претходно се однесувал на штитоносец (односно, помошник) на витез. Понатамошното образование, како и успешното учество и модерирање на дебати, водело до здобивање на дипломата Магистар за Уметности, од латинскиот збор magister, наставник, назначувајќи го студентот кој ја добива дипломата со право да предава за овие предмети. Магистрите за Уметност имале право да влезат во студии во рамки на "повисоките факултети" на Право, Медицина или Теологија, и да се здобијат најпрво со универзитетска диплома, а потоа со магистарска или докторска диплома во овие предмети. Така дипломата била само чекор на патот да се стане потполно квалификуван магистар - оттука потекнува и англискиот збор " graduate ", кој е базиранзаснован на Латинскиот gradus ("чекор").
 
=== Еволуција на терминологијата за дипломите ===
 
Именувањето на дипломите на крај било поврзано со проучуваните предмети. Научниците на факултетите за уметност или граматика станале познати како "магистри", но оние во теологијата, медицината и правото биле познати како "доктори". Бидејќи студирањето на уметност или граматика било неопходен предуслов за да се студираат теми како теологија, медицина и право, докторската диплома поседувала повисок статус од магистерската диплома. Ова довело до модерна хиерархија во која дипломата Доктор по Филозофија, која во својата сегашна форма како диплома базираназаснована на истражување и дисертација е развиена во 18-от и XIX век на германските универзитети, е понапредна диплома од Магистар за Уметности. Практиката за користење на терминот доктор за докторите на науки била развиена во рамки на германските универзитети и се проширила низ академскиот свет.
 
Француската терминологија е тесно поврзана со оригиналните значења на термините. Baccalauréat (споредено "диплома") се доделува на француските студенти кои успешно го завршуваат средното образование и го признава правото за студирање на универзитет. Кога студентите дипломираат на универзитет, им се доделува лиценца, слично како што се правело во средновековното образование на занаетчии, со што биле квалификувани да учат во средните училишта или да продолжат со повисоко ниво на студии. Шпанија имала слична структура: терминот "Bachiller" се користел за оние кои завршиле средно или високо ниво на училишно образование, познато како "Bachillerato". Стандардниот 5-годишен шпански универзитет имал диплома "Licenciado", (иако имало неколку сродни 3-годишни дипломи наречени "diplomaturas", при што оние што ќе се здобиеле со "diplomados" би можеле да продолжат да учат за сродна licenciatura). Највисокото ниво било "доктор".