Дојран: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Историја на Дојран: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати |
с →Историја на Дојран: Правописна исправка, replaced: турците → Турците |
||
Ред 21:
[[Податотека:Dojran_ribari.jpg|right||thumb|left|210px|Рибари на езерото]]
И новиот град покрај езерото ги прифаќа навиките на стариот Тауријан. Основни животни радости остануваат да бидат: добриот [[риболов]], успешниот [[лов]], родната градина и здравиот пород на стоката. Сепак наоѓајки се на крстопатот каде што се судирале интересите на Византијците и Бугарите, каде што се ширела или стеснувала македонската држава на Самоил (период од 969 до 1018 година) и од каде поминале освојувачките војски на српските кралеви ([[Милутин]] 1282 година и [[Цар Душан|Душан]] 1331 - 1355 година) Полин морал да се соочува и со не така пријатните нешта на тогашноста. Неговите жители освен војните морале да ги плаќаат и разните даноци кон Византиската држава. Во периодот на 1026 и од 1037 до 1039 година жителите на Полин се соочиле и со земјотреси, суши, поплави и со епидемии што следуваат после нив. Живеејќи во времето на сето тоа, тие во својот Полин покрај езерото ги "дочекале" и сосема новите и најдолготрајни гости - господари, Турците османлии. Турците го дале третото име на градот - Дојран. Во втората половина на XV - от век Дојран бил нахија - центар на неколку селски општини. Речиси во истиот период (1519 година) или 148 години по доаѓањето на
Против разурнатиот град во тоа време како да се свртело и езерото поплавувајќи го неговиот крајбрежен дел со се она што некогаш било кафеани, куќи, пазари и улици. Соочувајќи се со суровата реалност на својот Дојран кој не нудел буквално никакви услови за живот во него, шеесетина рибарски семејства во 1919/20 година својот копнеж за враќање на старото огниште го дотрошуваат во близина на темелите на стариот Тауријан. Тие на 4 километри од разрушениот Дојран создаваат нова населба која ја нарекуваат Нов Дојран. Но како и претходните "господари" Турците така и Кралството на СХС на овие простори населува 29 семејства српско население при што е формирана населбата Сретеново. Со тек на времето почнуваат да се враќаат семејства и во стариот град Дојран. Тогашната власт од свои причини управно - административниот живот го лоцирала во разурнатиот град. Така постепено отпочнало паралелно пулсирање на животот во Нов и во Стар Дојран. Во Втората светска војна Дојран повторно бил цел на желбите на соседите за конечно да биде ослободен на 5 - ти ноември 1944 година. Тоа значело квалитативно нов почеток и подеднаков и впечатлив напредок за двата Дојрана. Покрај Дојранското Езеро денеска на македонска страна постојат три населби: Нов Дојран, Стар Дојран и Николиќ во кој живеат над 4 000 жители. Населението некаде во средината на 50 - те години почнува да се занимава и со туризам. Во негова функција денес покрај дојранскиот брег постојат 40 објекти (хотели и одмаралишта) на претпријатија од целата земја, 4 комерцијални хотели и уште толку модерни казина и над 600 викендици.
|