Артритис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite book → Наведена книга
с →‎Поважни видови артритис: Правописна исправка, replaced: неможе → не може
Ред 35:
[[Податотека:Остеоартритис.jpg|рамка|лево|Бид на артритис-Остеоартритис]]
==Поважни видови артритис==
'''Ревматичниот артритис''',некогаш наречен ревматизам или синовитис,обично се јавува кај луѓе на возраст над 40 години,а кај жените двапати почесто отколку кај мажите.Може да се јави и кај децата,особено кај девојчињата меѓу 2 и 5 години.Го карактеризираат воспаление и болки во дланките,особено на зглобовите на прстите,како и во рацете,нозете и стапалата,придружени со општ замор и несоница.Тој исто така може да предизвика оштетување на други делови на телото,вклучувајќи го срцето,белите дробови,очите,нервите и мускулите.Мачнинтата од ревматичниот артритис може да се развива со недели или со месеци и обично е најсилна по будењето.Ревматичниот артритис може да предизвика појава на јазли и изобличенот на дланките и на стапалата кај старите луѓе затоа што со текот на времето мускулите слабеат,тетивите се собираат,а краевите на коските стануваат неприродно зголемени. Иако неможене може целосно да се излекува,со лекувањето почнато веднаш по појавувањето на нарушувањето се намалуваат симптомите кај повеќето луѓе.Симптомите може да траат пет години или повеке,по што обично се стабилизираат или слабеат.Со рано лекување веројатноста за трајна инвалидност се намалува кај сите,освен кај 5 до 10 проценти од пациентите.
:'''Детскиот јувенилен ревматичен артритис''' или Стилова (Still) болест се карактеризира со хронична температура и анемија.Болеста може да има и секундарно дејство на срцето,белите дробови,очите и нервниот систем.Појавите на артритис кај децата на возраст под пет години може да траат неколку недели и повторно да се вратат,иако симптомите се помалку изразени кај повторените напади.Лекувањето главно е исто како кај возрасните,со главен акцент на физикалната терапија и на телесните вежби за да може телото што е во фаза на растење да се одржи активно.Трајното оштетување предизвикано од детскиот ревматичен артритис сега е реткост,а повеќето заболени деца целосно се опоравуваат од болеста без траен инвалидитет како последица.
:'''Инфективниот артритис''' се однесува на разни тегоби што ги зафаќаат поголемите зглобови на рацете и нозете,како и прстите на рацете и нозете.Артритичната инфекција обично е компликација поради повреда или некоја друга болест и е многу поретка од артритичните заболувања кои се јавуваат на определена возраст.Заразениот артритис може да помине незабележано затоа што симптомите може да бидат прикриени со примарна повреда или болест.Но,ако не се лекува,како последица може да има траен инвалидитет.