Штрбово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати
Ред 47:
Во [[XIX век]], Штрбово се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во [[Отоманско Царство|Отоманското Царство]].
 
До 1912 година, Штрбово било под турска власт, а во тој склоп и беговски чифлик. Во подготовките и текот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] учествувало со своја востаничка чета, која заедно со четите на околните села, на 2 август 1903 година учествувале во нападот на нахискиот центар во [[Наколец]]. За селски војвода од тоа време се споменува мештанинот Митре Јоровски. На 14 август 1903 година била водена жестока борба со турската војска во месноста Пенчоа Стена, каде загинале 12 востаници, меѓу нив и војводата Велјан Илиев Пенчо (учител од [[Смилево]]). Во текот на ова востание, селото било целосно ограбено и делумно изгорено. Загинале пет души. Во периодот по востанието, селото повеќе патиповеќепати било нападнато од арнаутските арамиски дружини.<ref name="книга" />
 
Во [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]] (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] под бугарска окупација, со што се најде и во зафатот на [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]], кога било гранатирано и делумно разурнато. Во еден период од војната, штрбовчани биле евакуирани во селата [[Љубојно]], [[Брајчино]] и [[Долно Дупени]]. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на [[Антанта]]та. Во текот на војната, штрбовчани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.<ref name="книга" />
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Штрбово