Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додаден нов поднаслов говор на Мара
с Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати (3), многу пати → многупати
Ред 87:
На 12-ти септември бил отпечатен првиот број на весникот кој оттогаш ќе биде поврзуван со името на Мара: ''L’Ami du peuple''—''Пријателот на Народот.'' Тоа било дневен весник со првичен тираж од околку 2000 примероци. Производствените трошоци на Мара биле проценети на околу 80 до 90 ливри од едно издание, што било приближен еквивалент на месечна плата на неквалификуван работник или цената на оброк за четворица во отмен париски ресторан. Во почетокот, ''L’Ami du'' ''peuple'' изгледа дека опстанал со помош на висококаматни заеми од печатари и дистрибутери, но откако весникот станал популарен, се разбира Мара можел да заработи доволен приход за да го покрие трошокот за негово издавање. Иако нема бројки на располагање за да директно се одреди профитабилноста на весникот на Мара, еден друг весник, „споредлив во формат и промет со ''L’Ami du peuple''” (Coquard, ''Marat'', 464), заработувал годишен профит од околу 62 000 ливри (Gilles Feyel, “Les frais d’impression et de diffusion de la presse parisienne entre 1789 et 1792,” ''La Rеvolution du journal'', 1788–1794, Centre national de la recherche scientifique [CNRS] [Paris, 1989]). Личното „нето богатство“ на Мара во време на неговата смрт било буквално нула, па ако приходот од весникот ги надминувал трошоците за негово печатење, најверојатно тој го вложувал вишокот за зголемување на капацитетот за негово печатење. „Од денот кога Револуцијата започна, Мара живееше на леб и вода, не фигуративно зборувајќи, туку во стварноста. И кога тој беше убиен, целото богатство на Пријателот на Народот беше банкнота од 25 ливри (франци)“ (Кропоткин, ''Големата Француска револуција 1789-1793'').
 
Влијанието на весникот на Мара не може да се процени според обемот на неговиот тираж, бидејќи бројот на неговите читатели бил многу патимногупати поголем. Според историчарот Џереми Д. Попкин тоа бил „најславниот радикален весник на Револуцијата“.<ref>{{Наведена книга|title=Revolution in Print: the Press in France, 1775-1800|last=Darnton, Robert and Roche, Daniel|first=|publisher=University of California Press.|year=1989|isbn=|location=|pages=162}}</ref> Индивидуалните примероци на весникот биле пренесувани од рака на рака и читани на глас на јавни места и кафеани. Еден коментатор од тоа време проценил дека секој еден примерок на популарните весници бил читан од десет луѓе.<ref>{{Наведена книга|title=Essai sur le journalisme depuis 1735 jusqu’а l’an 1800|last=Delisle de Sales|first=J.-B.-C.|publisher=de Colas|year=1811|isbn=|location=Paris|pages=96–7}}</ref> Сепак, тиражот на весникот на Мара се зголемил како што растело неговото влијание, достигнувајќи максимум од можеби 6000 примероци. Обемот на тиражот не бил одреден од економската побарувачка, туку од физички ограничувања на печатарската технологија во осумнаесеттиот век. За да се произведуваат секојдневно три до шест илјади примероци на весник, еден историчар пресметал дека тоа „било задача која барала без прекин три до пет едноставни рачни печатари да работат во текот на буквално цела работна седмица.“<ref>{{Наведена книга|title=“Production, Distribution and Readership of a Conservative Journal”|last=Chisick|first=|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=66}}</ref> Понекогаш ''L’Ami du Peuple'' се печател истовремено во три различни печатници за да го достигне дневниот тираж од 6000 примероци.<ref>{{Наведена книга|title=“Radicalism and the Book in Paris During the French Revolution”|last=Andries|first=Lise|publisher=CNRS|year=2006|isbn=|location=Paris|pages=}}</ref>
 
''L’Ami du peuple'' не беше само име на весник. Од почетокот тоа било исто така името на измислен карактер кој ги олицетворува доблестите на идеален револуционерен патриот. Пријателот на Народот бил храбар, решителен, посветен на правдата и вооружен со непогрешливо политичко „шесто сетило“ кое му овозможило да ги открива лагите и измамите и да ја чита скриената политичка стварност.
Ред 108:
Овој судир му дал уште едно издигнување на растечкиот углед на Мара како претставник на малите луѓе против општествената елита, вклучувајќи ја ''новата'' општествена елита која се издигнала со Револуцијата. Како што изминувало времето, неговите читатели му давале сè повеќе „важни информации“, овозможувајќи му да дава уште поточни обвинувања. Издигнувањето на Мара од непознатоста отпочнало.
 
Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколку патинеколкупати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечови делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.
 
Мара го опишaл почетокот и еволуцијата на неговиот весник (заедно со неговите политички ставови) во својот весник на 19 март 1793 година:<blockquote>На почетокот на Револуцијата, уморен од прогоните со коишто бев соочен толку долго време во рацете на Академијата на науките, со нетрпение ја прифатив приликата што се претстави себеси за пораз на моите угнетувачи и за постигнување на мојата соодветна позиција. Ја затекнав Револуцијата со моите идеи што веќе беа формирани и јас бев толку запознаен со принципите на висока политика што тие станаа вообичаени за мене. Имајќи поголема доверба во исмејуваните патриоти на Уставното собрание отколку што заслужуваа, јас бев изненаден од нивната маленкост, нивниот недостаток на доблест. Верувајќи дека им е потребно просветлување, стапив во преписка со најпознатите делегати, особено со Шапелие, Мирабо и Барнав. Нивното упорно молчење на сите мои писма наскоро ми докажа дека иако им треба просветлување, тие се грижеа малку за да бидат просветлени. Почнав да ги објавувам моите идеи преку печатот. Го основав ''L'Ami du Peuple''. Го започнав со строг, но искрен тон, на човек кој сака да ја каже вистината без да ги прекрши конвенциите на општеството. Го одржував тој тон цели два месеци. Разочаран што открив дека не го произведува посакуваниот ефект што го очекував, и огорчен што стабилно се зголемуваше дрскоста на неверните претставници на народот и на лажните јавни функционери, чувствував дека е потребно да се одречам од умереноста и да ја заменам сатирата и иронијата за едноставна цензура. Огорченоста на сатирата се зголеми со бројот на малверзации, беззаконието на нивните проекти и несреќите на јавноста. Силно убеден во апсолутната перверзност на приврзаниците на стариот режим и непријателите на слободата, чувствував дека ништо не може да се добие од нив, освен со сила. Револтиран од нивните обиди, од нивните постојано повторливи заговори, сфатив дека нема да им се стави крај, освен со истребување на оние кои се виновни за нив. Налутен од гледањето на претставниците на нацијата во сојуз со нејзините најсмртоносни непријатели и законите кои служат само за да ги тиранизираат невините, наместо да ги штитат, го потсетив суверениот народ дека, бидејќи нема што повеќе да очекува од своите претставници, негова должност е да направи нешто за да ја исполни правдата за себе. Ова беше сторено неколку патинеколкупати.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=52}}</ref></blockquote>Мара вообичаено го објавувал ''L’Ami du Peuple'' на дневна основа, но има неколку прекини во неговото објавување затоа што неколку патинеколкупати Мара морал да се крие за да избегне апсење, кога не можел да го печати весникот. Неговите континуирани напади против Жак Некер, Жан Силвен Баји, грофот де Мирабо, Париската комуна, маркиз де Лафајет, Националното конститутивно собрание, Законодавното собрание, Националната конвенција, емигрантите и самиот крал Луј XVI предизвикале неколку декрети за кривично гонење и обвинение против него и обиди да се потисне неговиот весник. Неговата машина за печатење била уништена и копиите на ''L’Ami du peuple'' биле конфискувани најмалку двапати.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=62}}</ref> Во една прилика неговиот печатар бил уапсен и затворен, а плочите користени за печатење на еден особено контроверзен број - во којшто Мара се заканил дека ќе го откорне срцето на Лафајет, ќе го запали кралот и ќе ги избоде до смрт пратениците на нивните собраниски клупи - биле уништени.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=78}}</ref>
 
Во септември 1789 година Мара го поддржал барањето на пратеникот Жак-Иганациј Гилотин да се отфрли предлогот на Мирабо, Таргет, Клермон-Тонер и Лали Толендал за правото на вето на монархот на законите што ќе ги донесува Законодавниот дом. Мара сметал дека ветото на монархот е неприфатливо, оти Законодавното собрание е претставник на народниот суверенитет, на волјата на народот: „Само тоа може да ги анулира законите што ги донело“.<ref>{{Наведена книга|title=Oeuvres politiques 1789-1793, Tome I|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=Pole Nord|year=1989|isbn=|location=Bruxelles|pages=120}}</ref>
Ред 175:
 
=== Првиот парламентарен говор на Мара ===
Мара го одржа својот прв говор во Националното собрание, на 25 септември 1792 година:<blockquote>Барам збор.
 
(Насилни гласови, викотници: „Долу од говорницата!“, изречени со сета жештина на негодување, се креваат на сите страни.)