Елвис Пресли: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Devi2003 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати, многу пати → многупати, повеќе пати → повеќепати
Ред 34:
Неговата втора плоча ја сними во јануари 1954 година, „I’ll Never Stand In Your Way“ и „It Wouldn’t Be the Same Without You“, но за жал не беше успешна. Не многу покасно тој не помина добро и на аудицијата за еден локален вокален [[квартет]] наречен The Songfellows. Тој му образложил на неговиот татко велејќи му: „Ми рекоа дека не знам да пеам.“ Во април Пресли започна да работи како возач на камион за компанијата Краун Електрик. Откако учествуваше на неколку локални свирки со неговиот пријател Рони Смит, Рони му предложил на Пресли да исконтактира со Еди Бонд, фронтменот на професионалниот бенд на Рони Смит, затоа што имало една слободна позиција за придружен [[вокал]]. Откако Пресли пеел пред фронтменот, тој го советувал Пресли да си остане како возач на камион, затоа што „никогаш нема да успее како пејач“.
 
Во меѓувреме Филипс, од Сан Рекордс, бил во потрага по некој кој би можел да го пренесе звукот од црните музичари. Како што изјавила Кајскер, рецепционерката на фирмата, “Се секавам како Сем повеќе патиповеќепати велеше : ‘Кога би нашол белец што ќе има осет и глас на црнец, би можел да направам милијарди долари. Во јуни, тој се здобил со една демо снимка на баладата „Without You“, за која мислел дека би му одговарала на младиот пејач. Пресли дошол во студиото, но не бил во способност да го испее правилно. И покрај ова, Филипс му рекол на Пресли да испее колку може повеќе песни. Тој бил доволно заинтересиран од тоа што го чул од Пресли, па дури и викнал двајца локални музичари, гитаристот Винфилд „Скоти“ Мур и бас свирачот Бил Блек, за да осмислат една снимачка сесија со Пресли. Снимањето било одржано вечерта на 5-ти јули, и било сосема безплодно, и точно кога сите биле приготвени да се откажат, Пресли ја зел гитарата и ја засвирил блуз песната од 1946 година, „That’s All Right“ од Артур Крадап. Мур се присеќава, „Одненадеж, Елвис започна да ја пее оваа песна, да скока наоколу да се избудалува, и тогаш Бил го зеде својот бас и му се придружи на Пресли, па и јас исто така им се придружив. Во тој момент нѐ слушна Сем и ни рече да почнеме одново со песната.“ Филипс веднаш започнал да снима, тоа бил звукот што го барал цело време.
Така започнала активноста на триото, кое што веќе имало многубројни настапи во живо, многу договори и зделки, [[менаџери]] и советници.
 
Ред 50:
Пресли за првпат настапи на ЕнБиСи во Шоуто на Милтон Берл, на 3-ти април. Неговиот настап на палубата на бродот Хенкок во [[Сан Диего]] предизвика аплаузи и возвици од публиката од морнари и нивните придружнички. Неколку дена покасно, Пресли и неговиот бенд летаа до Нешвил, за да стигнат на сесија за снимање, кога тројцата биле потресени затоа што еден од моторите на авионот престанал да функционира и авионот за малку не се срушил над [[Арканзас]]. Дванаесет седмици после првото емитување, „Heartbreak Hotel“ прерасна во првиот број еден поп хит на Пресли. Кон крајот на април, Пресли започна настапи во хотел-казиното Њу Фронтиер, во [[Лас Вегас]]. Настапите не беа добро прифатени од страна на конзервативните, средовечни гости од хотелот, а според критичар на Newsweek, тој беше „како стомна со [[виски]], на [[шампањ]] забава“.
 
За време на престојот во Вегас, Пресли, кој имаше сериозни актерски амбиции, потпиша седум годишен договор со Paramount Pictures. Кон средината на мај, тој започна тура во средозападна Америка, во петнаесет градови во краток период. Исто така учествуваше неколку патинеколкупати на шоуто на Фреди Бел и Белбојс во Вегас, и беше изненаден од нивната верзија на “Hound Dog”, хитот од 1953 со блуз пејачката Биг Мама Торнтон, со [[текст]] од Џери Лајбер и Мајк Столер. Овој хит стана новата завршна точка во неговите настапи. После настапот во Ла Крос, Висконсин, еден локален католички свештенички [[весник]] испрати наметлива [[порака]] до директорот на ФБИ Џ. Едгар Хувер. Тоа беше едно предупредување дека „Пресли е дефинитивна опасност за безбедноста на САД. ...неговите дејства и движења предизвикуваат сексуални страсти кај младите тинејџери. После настапот повеќе од 1000 тинејџери се обидоа да влезат во собата на Пресли...Докази за штетата што ја направи Пресли само во Ла Крос, беа двете гимназијалки...чијшто [[абдомен]] и бутови беа испишани со негови автограми.“
 
Вториот настап на шоуто на Милтон Берл, беше на 5-ти јуни во студиото на ЕнБиСи во Холивуд, точно во периодот на друга возбудлива тура. Берл го наговорил пејачот да ја остави својата гитара зад сцената, советувајќи го со зборовите „нека те видат тебе, синко“. За време на настапот, интерпретацијата на „Hound Dog“ беше забрзана и со кратки паузи, ја размавнуваше раката, и направи неприлагодна верзија со енергични и претерани движења на телото. Вртењето во круг на Пресли предизвика [[бура]] од противоречија. Телевизиските критики беа навредливи: „Г-дин Пресли нема видлива пејачка способност. Неговите [[фрази]], ако може да се наречат фрази, се состојат од типичните варијации на почетнички арии испеани во бањата. Неговата специјалност се драстичните движења на телото, првично идентификувани со репертоар од бурлеск шоу на сензационална блондинка“, истакнал Џек Гоулд, од [[Њујорк Тајмс]]. Бен Грос од весникот Њујорк Дејли Њуз, изкажал дека популарната музика „ги достигна најдолните граници со стенкањата и офкањата на еден Елвис Пресли... Елвис којшто меша со карлицата... којшто дава претстава, односно сугерира на вулгарност, примесено со еден вид на чулност која што треба да биде одржана во границите на јавните куќи“. Ед Саливан, чиешто шоу беше од национална популарност го прогласи Елвис како „неприлагоден за фамилијарна средина“. Како врв на сето тоа, Елвис уште бил наречен и „Елвис карлицата - Elvis the Pelvis“, за кое што тој сметаше дека е најдетскиот израз што би можел да го изрече еден возрасен човек.
Ред 73:
 
=== Назад на турнеја и средба со Никсон ===
Пресли се врати во хотелот Интернејшнал во [[Лас Вегас]], во почетокот на 1970, каде цели два месеци имаше вечерни настапи и тоа по двапати. Снимки од овие настапи беа вметнати во албумот „On Stage“. Кон крајот на февруари, Пресли имаше шест настапи со рекорден број на публика, на астродромот во Хјустон. Во април, беше објавен синглот „The Wonder of You“, број еден хит во Велика Британија, и исто така се искачи и на тогашната американска топ листа. Во август, МГМ (Metro Goldwyn Meyer) ја снимаа пробата и концертот во хотелот Интернејшнал, по повод документарецот за Елвис, наречен „That’s the Way It Is“.Веќе во овие времиња Пресли настапуваше во костум за скокање од авион, кое постана една заштитна црта на неговите настапи во живо. За време на овие обврски, тој доби закана за убиство, освен ако не се исплатат 50 илјади [[долари]]. Пресли беше цел на многу закани од 1950 тите години, и многу патимногупати без знае. ФБИ сериозно ја прифати заканата, и обезбедувањето беше засилено за време на неговите наредни два настапи. Пресли излезе на сцена со деринџер (пиштол) во десната чизма, и уште еден 45 мм пиштол во појасот, но за среќа концертите поминаа без никакви инциденти.
 
Албумот „That’s the Way It Is“ сниман како придонес на документарецот за Пресли, окарактеризиран и со студиски и со живи изведби, одбележа една стилска промена. Како што истакнува музичкиот историчар Џон Робертсон, „авторитетот на пеењето на Пресли му помогна да го прикрие фактот дека албумот незабележливо се оттргна од инспирацијата од американските корени од Мемфис, кон малку поумерен звук. Со кантри музиката оставена во позадина, и соулот и аренби музиката оставени во Мемфис, единствено што беше останато беше класичен, многу чист бел поп – перфектен за публиката на Лас Вегас, но воедно тоа беше и еден чекор назад за Елвис.“