Блек сабат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: латинумск → латинск (4)
с →‎top: Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати
Ред 112:
Додека беше на неговата турнеја Lock Up The Wolves САД во август 1990 година , на поранешниот пејач на Блек Сабат Рони Џејмс Дио на бината во Минеаполис Форум му се придружи поранешниот басист на Блек Сабат Гизер Батлер за да ја изведат “Неонски витези“ (Neon Knights). После шоуто, двата покажале интерес за повторно обединување на Блек Сабат. Батлер го убедил Ајоми, кој за возврат ја распушти тековната постава, отпуштајќи го пејачот Тони Мартин и басистот Нил Мареј “Жалам за тоа на многу начини“ рекол Ајоми. “Ние тогаш бевме на добро место. Навистина не знам зошто, но одлучивме повторно да се обединиме со Дио. Имаше финансиски причини, но тоа не беше тоа. Изгледа мислев дека ние можеме повторно да го имаме она што го имавме“.
 
Рони Џејмс Дио и Гизер Батлер му се придружија на Тони Ајоми и Кози Пауел во есента 1990 година за да почнат да работат на следното издание на Блек Сабат. Додека вежбале во ноември, Пауел претрпел кршење на колкот кога неговиот коњ умрел, паѓајќи на нозете на тапанарот. Неспособен да го заврши албумот, Пауел бил заменет од поранешниот тапанар Вини Апајс, повторно обединувајќи ја поставата од времето на “Толпата владее” и бендот влегол во студио со продуцентот Реинхолд Мак. Процесот на снимање кој траел една година се соочил со проблеми, главно со тензијата помеѓу Ајоми и Дио за пишувањето на песните, и некои песни беа препишувани повеќе патиповеќепати. “На “Обесчовечувач” му требаше долго време, тој едноставно беше тешка работа“ рече Луми. “Ни одзеде премногу време, не кошташе милион долари, а тоа е проклето смешно“. Дио подоцна го нарече албумот тежок, но вреден за напорите. “Тоа беше нешто што ние моравме да го исцедиме од нас самите, но јас мислам затоа тој успеа“ рече тој. “Понекогаш ви треба таков вид на тензија, затоа што ќе направите Божиќен албум“. Албумот “Обесчовечувач” беше издаден на 22 јуни 1992 година, а во САД на 30 јуни 1992 година од Reprise Records, бидејќи Рони Џејмс Дио и истоимениот бенд беа сè уште под таа издавачка куќа. Додека албумот прими мешани рецензии, тоа беше најголемиот комерцијален успех на бендот во последната деценија. Усидрен на топ 40 рок радио со синглот “ТВ Крајмс“, најдобриот пласман на албумот беше 44 место на Билборд 200. Албумот исто така ја содржи песната “Временска машина“(Time Machine), од која беше снимена верзија за филмот “Светот на Вејн” во 1992 година. Додатно, перцепцијата на многу фанови за сличноста со “вистинската“ Блек Сабат му го обезбеди на бендот потребниот импулс, кој му беше многу потребен.
 
Блек Сабат почна со турнеја за поддршка на “Обесчовечувач” во јули 1992 година со Testament, Danzig, Prong, и Exodus. Додека беа на турнеја, претходниот пејач Ози Озборн го објави своето прво пензионирање, и ги покани Блек Сабат да бидат предгрупа за неговиот соло бенд на последните два концерти на неговата турнеја No More Tours во Costa Mesa, Калифорнија. Бендот се согласил, освен пејачот Рони Џејмс Дио, кој рече: