Апендикуларии: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 15:
[[Oikopleuridae]]
}}
'''Апендикуларии''' ([[науч.]]: ''Appendicularia'' или ''Larvacea'') — многу мали и проѕирни слободнопливачки животни. За разлика од останатите [[плаштари]], тие никогаш не образуваат [[Колонија (биологија)|колонии]]. Големината на телото се движи од 0,3 до 2,5  cm. [[Ларва|Ларвите]] на апендикулариите не подлежат на регресивна [[метаморфоза]] како што е кај [[Асцидија|асцидиите]], односно поедноставување на градбата на телото и губиток на некои важни органи, како што се [[нотохорд]]от и сетилните органи. [[Хорда]]та кај нив се задржува во текот на целиот живот, по што апендикулариите се разликуваат од останатите плаштари.
 
== Морфологија и анатомија ==
 
Телото на апендикулариите се дели на труп и опашка. Општиот изглед на апендикуларијата потсетува на [[полноглавец]] од [[жаба]]. Опашката, која е неколку патинеколкупати подолга од округлото тело на животното, е прикрепена за стомачната страна во вид на долга и тенка плочка. Неа апендикуларијата ја чува ротирана за 90 ° околу нејзината надолжна оска и ориентирана кон стомачната страна. Долж средината на опашката, по целата нејзина должина се протега хордата која претставува едно еластично стапче што се состои од ред на крупни клетки. На секоја страна од хордата се наоѓаат по 2 мускулни ленти, од кои секоја е изградена од десетици џиновски клетки.
 
На предниот крај од телото се наоѓа устата, која води во голема голтка. Таа е во непосреден контакт со надворешната средина преку две големи овални жабрени цепнатинки или стигми. Кај овие животни отсуствува околужабрената празнина со клоаката (која е присутна кај асцидиите). На стомачната страна од голтката лежи [[ендостил]]от (подголточна бразда), а на спротивната страна надголточната бразда. Ендостилот ги придвижува парченцата од храна во системот за варење, кој има облик на потковичеста издолжена цевка, а се состои од хранопровод, краток желудник и кратко задно црево, кое завршува со анален отвор на стомачната страна од телото.