Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Многу пати → Многупати, Повеќе пати → Повеќепати
Ред 38:
Работела како наставник по музика на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, наставник по музика во гимназијата Алгоритам, наставник по виолина во музичкото училиште во Куманово и како наставник по солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“. Неколку години е главен музички ментор на македонските претставници на детскиот Евросонг. Работи и како надворешен стручен музички соработник во списанијата за деца Росица и Смешко. Секоја година е редовен гостин-предавач во  институции од јавен интерес, културно-информативни центри, градинки, основни и средни училишта. Од 1999 година членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска. Од 2002 година работи во Македонската опера и балет како прва виолина, а од јули 2017 година е доцент на ФМУ Скопје.
 
Била придружен вокал на многу уметници, меѓу кои и на Влатко Стефановски, Џибони и Бајага. Има напишано многу композиции и аранжмани за биг-бенд во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец на многу популарни песни. Од 1988 до 1996 година членува во детскиот хор за духовна музика „Пиколо“. Повеќе патиПовеќепати била член во жири комисии на државни и меѓународни натпревари по музика и уметност (член на национална жири-комисија за Евровизија, член на комисија за мјузиклот Тајно моја, член на комисија за избор на најталентиран ученик во Општина Карпош, член на меѓународна жири-комисија на арт фестивалите Езерски бисери и Дојрана и др.). Има издадено две детски книги од стручна област: „Заспивалки“, издавач Едука Мак 2015 и „Слушни, пеј, играј“, издавач Просветно Дело 2017. Многу патиМногупати учествувала на научни конференции во Македонија а презентирала и во Рим, Италија.
 
Во 2007 година во МОБ настапува како виолинист (главна улога) во опера/мјузикл Dorothy.Sconcerto per Oz, а претставата се репризира и во Kampnagel Hamburg, Хамбург - Германија. Како виолинист настапувала и во Осијек - Хрватска, Атина - Грција, Ниш и Белград - Србија, Париз - Франција, Рим - Италија, Њујорк, Њу Џерси, Вашингтон и Лос Анџелес - САД, Мелбурн, Канбера и Сиднеј - Австралија како и во Торонто - Канада. Како концерт-мајстор на камерен состав во МОБ настапува на многу детски претстави низ Македонија.