Дионизиски мистерии: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Дионизиски мистерии''' - ритуал во Стара Грција и Рим, во...
(нема разлика)

Преработка од 21:36, 15 септември 2020

Дионизиски мистерии - ритуал во Стара Грција и Рим, во кој обично се користеле алкохолни пијалоци и други техники (како танц и музика) кои предизвикувале транс за да се отстранат инхибициите и социјалните ограничувања, ослободувајќи го поединецот да се врати во природна состојба. По својата природа како мистериозна религија резервирана за упатените, многу аспекти на Дионизискиот култ остануваат непознати и се изгубиле со падот на грчко-римското многубоштво. Тоа што се знае денес за овие мистерии е изведено од описи, слики и интеркултурни студии.

Во секој грчки град, богот Дионис бил обожуван. Тој бил бог на плодноста и на вегетацијата, но особено на виното. Фестивалите во чест на ионис се нарекувале Дионисии. Фестивалите вклучувале не само пиење вино и вклучување во сексуална активност, туку и учество во такви значајни одлики на грчката цивилизација како хорско пеење и мимика. Во многу случаи, само упатените можеле да учествуваат на церемониите.[1]

Наводи

  1. „Mystery religion | Greco-Roman religion“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-09-15.