Карлхајнц Штокхаузен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Луиџи → Лујџи using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 3:
'''Карлхајнц Штокхаузен''' ({{lang-de|'''Karlheinz Stockhausen'''}}, се родил на [[22 август]] [[1928]] во [[Келн]], починал на [[5 декември]] [[2007]] во [[Куртен]]) бил водечки [[Германија|германски]] [[композитор]] на неговата генерација и една од водечките фигури во музиката од втората половина на [[20 век|20]] и почеткот на [[21 век]]. Некои критичари го препознаваат како „еден од најголемите визионери на 20 век“. Редефинирајќи го [[серијализам|серијализм]]от во музиката, Штокхаузен ги прави првите чекори кон [[електронска музика]], [[алеаторика]]та и истражувањата во просторноста на звукот.
 
== БиографијаЖивотопис ==
По завршувањето на [[Втората светска војна]], Штокхаузен се запишува во средното музичко училиште во [[Келн]] и на [[Универзитетот во Келн]]. Во овој период учи композиција со [[Франк Мартин]]. Во [[1951]] година по препорака на [[Херберт Ајмерт]] го посетува Курсот за нова музика во [[Дармштат]], каде се сретнува со студенти на [[Оливие Месијан]]. На летниот курс во [[Дармштад]], ја слуша композицијата ''[[Mode de valeurs et d'intensités]]'' на Месијан, која ќе остави голем впечаток кај Штокхаузен. Во [[јануари]] [[1952]] година, оди во [[Париз]] на часови по композиција со Месијан и [[Дариус Мијо]]. Таму ќе се сретне со [[Пјер Булез]] и со [[Пјер Шефер]], кои ќе го запознаат со француската авангарда и ќе добие можност да ги користи студијата за [[конкретна музика]]. Тука ќе го оствари првото [[дело за лента]] ''[[Konkrete Etüde]]''. Во [[1953]] година, се враќа во Келн каде го отвара првото студио за електронска музика во [[Германија]] под водство на Херберт Ајмерт. Подоцна добива стипендија за докторски студии по [[фонетика]] и [[теорија на комуникации]] со [[Вернер Мејер-Еплер]] при Универзитетот во [[Бон]]. Иако никогаш нема да ги заврши, овие студии ќе имаат огромно влијание врз неговите дела во [[1950-ти]] години. Овие години ќе ги посвети на истражувања во електронската музика, кога и ќе се прослави како нејзин пионер, заедно со [[Лујџи Ноно]] и Пјер Булез, но и личности како [[Готфрид Михаел Кениг]], [[Франко Еванџелисти]], поетот [[Ханс Хелмс]], филозофот [[Хајнц-Клаус Мецгер]], визуелниот уметник [[Нам Џун Пајк]], [[Маурисио Кагел]] и [[Ѓерѓ Лигети]]. Од [[1956]] година, станува редовен предавач на Летната школа по композиција во Дармштат.