Гоце Николовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: допринос → придонес using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 22:
'''Гоце Николовски''' ({{роден во|Скопје}}, {{роден на|||1947}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|19|декември|2006}}) — познат македонски пејач на [[народна музика]]. Познат е по својот голем хит „[[Бисер балкански]]“.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Гоце Николовски е роден во [[1947]] година во [[Скопје]], [[Македонија]]. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее. Победник е во тогаш популарната емисија " Максиметар " и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата " Рубинси " , но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка попрок група " Далтони ". Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна " Рука од сна ", и денес често може да се чуе на нишките радио станици. Својата популарност како [[музичар]] и [[пејач]] во Македонија ја достигнува во [[1990]] година кога на [[Фолк Фест Валандово]] за прва пат ја изведува легендарната македонска песна ''Бисер Балкански''. Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од [[СФРЈ|Југославија]]. Песната наскоро стана многу популарна, голем хит и широко прифатена од македонската публика и од македонскиот народ воопшто. Бидејќи песната се испеа на самиот распад на Југославија, [[Македонци]]те си ја прифатија како симбол на својата долгочекана независност и сувереност и симбол на македонштината, а во дијаспората честопати е изведувана како македонска химна. Гоце Николовски често беше нарекуван и како ''бисер балкански'', по името на својата песна.
Низ текот на годините, Гоце Николовски издаде и неколку други песни како ''Серенада'', "Приказна за Ангелина", " Запејте сите ангели", "Бисера", "Песна од земја далечна", но никоја од нив не ја достигна популарноста на песната ''Бисер Балкански''. Во 1992 година, Николовски учествуваше на фестивал во [[Канбера]], фестивал сличен на [[Фолк Фест Валандово]] со песната ''Од мајка нема помила''. Во Австралија и Канада, Николовски уживаше многу поголема популарност отколку во татковината, факт кој го докажуваат големиот број продадени дискови, кои се популарни и продавани и неколку години по неговата смрт. Поради неговиот придонес за македонската заедница во Австралија, Николовски е прогласен за почесен граѓанин на Аделаида, а градоначалникот на овој град му доделил на Гоце почесен "клуч на градот". Повеќе тв и радио станици од Македонија и дијаспората на македонскиот музички бисер постхумно му доделија награди за животно дело.