Ги де Мопасан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 19:
'''Анри Рене Албер Ги де Мопасан''' ([[француски]]: ''Henry René Albert Guy de Maupassant''), (Турвил-сир-Арк, [[5 август]] [[1850]] – [[Париз]], [[6 јули]] [[1893]]) бил француски [[писател]], припадник на [[реализам|реализмот]] и [[Натурализам|натурализмот]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
[[File:Maupassant 7 ans.jpg|thumb|лево|Мопасан на 7 години]]
Мопасан е роден во замокот [[Мироменил]] [[Турвил-сир-Арк]] (''Château de Miromesnil''), кај [[Дјеп]] во [[Франција]]. Мопасонови биле стара [[Лорена|лоренска]] семејство кое се доселило во [[Нормандија]] во средината на [[XVIII век]]. Неговиот татко се оженил со Лора ле Поатевен (''Laure le Poittevin''), девојка од богато граѓанско семејство. Лора и нејзиниот брат Алфред во детството често си играле со синот на [[руан]]скиот [[Хирургија|хирург]], [[Гистав Флобер]], кој подоцна силно влијаел на животот на нејзиниот син. Таа била жена со невообичаен литературен вкус за тоа време и многу добро ги познавала класиците, особено [[Вилијам Шекспир|Шекспир]]. Бидејќи била разделена од мажот, своите два сина, Ги и Ерве, ги растела сама. Сè до својата тринаесетта година Ги со својата мајка живеел во [[Етрета]], каде растел уживајќи во благодатите на приморското село. Честопати со рибарите одел на [[риболов]] или разговарал со локалните селани на нивниот дијалект. Тој бил толку приврзан кон мајка си што откога бил запишан на [[богословија]] во [[Ивето]] (''Yvetot''), многу брзо успеал да биде исфрлен од училиштето и да се врати кај неа. Од таа фаза на неговиот живот потекнува и неговата изразена одбојност кон [[религија]]та. Потоа го испратиле во руанскиот лицеј каде почнал да се интересира за [[поезија]]та и успешно се пробал во глумата.