Борка Талески: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 36:
| lbl-style = <!-- Стил на додатните полиња -->
}}
'''Борка Талески''' или познат под прекарите „'''Црниот'''“ или „'''Модерното'''“ ({{роден на|19|јули|1921}} - {{починал на|2|март|1942}} {{починал во|Плетвар|Прилепско}})— [[македонци|македонски]] [[Комунистичка партија на Македонија|комунист]], револуционер, [[партизан]], [[НОБ|борец во НОБ]] и [[Народен херој|народен херој на Југославија]] од [[Македонија]]. Тој е непосреден организатор на востанието против фашистичкиот окупатор започнато на 11 октомври 1941 година во [[Прилеп]]. <ref name="херои">Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 361-365</ref>
 
== БиографијаЖивотопис ==
=== Рани години ===
Борка Талески бил роден на [[19 јули]] [[1921]] година во [[Прилеп]]. Тој се родил на [[Петровден]] во семејството на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил [[Пекар|фурнаџија]]. Семејството на Борка Талески било скромно, но не се сметало за сиромашно за тој временски период. Основното образование го започнал во родниот град и бил одличен ученик. Своето средно образование го започнал во гимназијата во Прилеп, но кога стасал петти клас, гимназијата била укината и Борка морал да го заврши средното образование во гимназијата во [[Битола]]. За време на училишните денови Борка станал голем љубител на белетристиката, а подоцна и на [[Марксизам|марксистичката литература]].<ref name="херои"/>
Ред 55:
На Петровден целиот град Прилеп бил преплавен со летоци, чии текстови воглавно биле напишани од Борка Талески. За ова полицијата била на високо ниво алармирана и била во потрага по Борка Талески. Нивната желба за негово апсење не била исполнета.<ref name="херои"/>
 
Многу наскоро Борка Талески бил земен како член на Бирото на ПК на КПЈ за Македонија во [[Скопје]]. Талески не прифаќал мешање на [[БКП]] во македонската партиска организација, поради што бил исклучен од активностите за зацврстување на партиските организации. <ref name="херои"/>
 
Од 9 до 19 октомври Борка бил меѓу партизаните по планините околу Прилеп, во период кога е извршен нападот на Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во 1942 година повторни оперирал во Прилеп, за подоцна да го пратат во [[Кавадарци]]. Во Кавадарци станал близок со [[Лазо Лавски]], со кого има л развиена меѓусебна почит и разбирање. <ref name="херои"/>
 
=== Смрт ===