Џорџ Бул: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
File
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 20:
Еден од најголемите математичари на своето време, Џорџ Бул, гениј во своето творештво, својата кариера ја започнал релативно доцна, а својот живот го загубил рано, на 49 години, од една обична настинка која го донела до [[пневмонија]] и му го одзела животот. Неговото најголемо достигнување е воведот во [[математика]]та и [[логика]]та на Буловата [[алгебра]]. Таа сѐ уште денес има широка употреба во воспоставување на телефонски линии, како и во дизајнирање на современиот [[компјутер]]. Неговата работа се смета за огромен чекор напред во денешната компјутерска револуција.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Негови родители биле Мери Eн Џоис и Џон Бул (1775-1848), кој бил чевлар со ограничени знаења, но со трудољубив карактер и активен ум. Неговиот прв син, Џорџ, бил роден по девет години брак, откако скоро изгубиле секаква надеж дека ќе имаат пород и бил многу болникаво дете. После него тие сепак имале уште три деца: Мери Ен, Вилијам и Чарлс. Имајќи предвид дека Џон бил особено заинтересиран за [[математика|математичките]] науки и [[логика]]та, тој прв почнал да го подучува неговиот син. Извонредниот математички талент на Џорџ Бул не се манифестирал во неговите рани години. На почетокот, негови омилени предмети биле класичните предмети (јазици и литература на Стара Грција и Стар Рим). Исто така сам учел [[Француски јазик|француски]] и [[Германски јазик|германски]] јазик. Сѐ до возраст од 17 години не почнал со изучување на напредна математика и неговиот напредок бил забавен заради недостигот на стручна помош. На возраст од 16 години станал помошник-наставник во правното училиште во Донкастер, Јоркшир, во [[Обединетото Кралство]] и до крајот на неговиот живот се задржал во академската професија. Тој бил професор во училиштето на господин Вилијам Марат во [[Ливерпул]] во [[1833]]. Со неговата жена Мери, со која се оженил на возраст од 37 години кога таа имала само 20, имале многу среќен брак. Нејзиниот татко умрел ненадејно и ја оставил без наследство и Бул ѝ предложил брак. Имале пет ќерки: Мери Елен, родена во 1856, Маргарет, родена во 1858, Алисија, родена во 1860, Луси Еверест во 1862 и Етел Лилијан во 1864.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Џорџ_Бул