Моргана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Во средновековната литература: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с →‎Во средновековната литература: Правописна исправка, replaced: сé → сè
Ред 23:
[[File:Morgan Le Fay by Spencer Stanhope.jpg|thumb|upright|''Морган ле Феј'' од [[Џон Р. Спенсер Стенхоуп]] (1880 г.)]]
 
Улогата на Морган е многу попроширена во Ланселот-Грал (Кругот на Вулгата) од 13 век и во наредните дела инспирирани од неа. Најмлада од сите ќерки на Горлоис и Игрејн, таа е испратена во манастир кога [[Утер Пендрагон]] го убива нејзиниот татко и се жени со нејзината мајка. Таму таа почнува да учи магија, но е прекината кога Утер ја мажи со неговиот сојузник Уриен. Несреќна со својот сопруг, таа има многу љубовници сéсè додека младата Гвиневир не ја открие и ја исфрла од дворецот чувствувајќи одвратност кон неа. Могран го продолжува учењето на магиите со помошта на Мерлин, истовремено планирајќи одмазда на Гвиневир. Во наредните поглавја таа ги користи своите моќи за да ги надмудри витезите на Артур, особено [[Ланселот]], кого се обидува да го заведе (вклучувајќи го неговото затварање сам со нејзините пријателки маѓепснички, кралицата Седил и кралицата на Сорестан, кои и двете го сакаат за љубовник) и да го прогласи како љубовник на Гвиневир. Во Прозата Тристан, таа испраќа во дворецот на Артур магичен рог за пиење од којшто дама која не е неверна ќе пие без да се истури, надевајќи се да го разоткрие неверството.
 
[[Томас Малори]] најчесто го следи портретот на Морган во Вулгата и Круговите на Пост-вулгата во неговата книга ''[[Смртта на Артур]]'', иако ја проширува нејзината улога во некои случаи. Преку магија и смртни средства, таа се обидува да го организира падот на Артур, најславен е случајот кога таа се погрижува нејзиниот љубовник Аколон да го добие мечот Екскалибур и да го употреби против Артур во борба еден на еден. Не успевајќи во ова, Морган го фрла оружјето на Екскалибур во езеро.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана