Фердинанд II (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
с →‎Цар и Триесетгодишна војна: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (3)
Ред 55:
Царот Царот [[Матеја (Свето Римско Царство)|Матеја]] починал во [[Виена]] во март [[1619]] година, а Фердинанд станал негов наследник според претходниот договор. Горна и Долна Австрија потпишале сојуз со Бохемија на [[22 август]] [[1620]] година, според кој Фердинанд II формално бил симнат од власт, а на негово место застанал [[Фридрих V Палатински]].
 
Против протестантското востание, Фердинанд добил поддршка од католичкиот сојуз кој ги вклучувал Полска, Шпанија и Баварија. Фердинанд II во [[Битка кај Била Гора|биткатаБитката кај Била Гора]], на [[8 ноември]] [[1620]] година го победил [[Фридрих V Палатински]], кој бил лидер кај протестантите, а по битката побегнал во [[Холандија]]. Водачот на католичкиот сојуз, баварскиот војвода [[Максимилијан I (војвода од Баварија)|Максимилијан I]] ги конфискувал териториите на Фридрих, додека Фердинанд II повторно станал крал на Бохемија, а протестантското население или било прогонето или му било наложено да ја прифати католичката вера. Чешка со овој чин станала католичка земја, а под власта на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]] земјата останала во следните 300 години.
 
Фердинанд добил парична помош од папата и од Хабсбуршка Шпанија, но кога ги потрошил сите пари, сакал да пронајде начин како да создаде своја војска, па одлучил да го постави [[Албрехт Валенштајн]] на чело на својата армија со задача да регрутира нови војници и да ја предводи царската војска. Албрехт од своја страна сакал да поседува воен фонд, кој ќе биде единствено негов и сакал слободно да располага со воениот плен и парите кои би ги добивал. Така, воениот плен станал најзначаен начин на финанситање на војската. Албрехт Валенштајн најпрвин регрутирал 30,000 војниви, а подоцна оваа бројка пораснала на 100,000 војници. Царската војска со помош на католичкиот сојуз ги победил протестантите во [[Шлеска]], [[Саксонија-Анхалт]] и [[Данска]].
Ред 61:
По големите победи, Фердинанд го издал т.н. Реституциски едикт во 1629 година, според кој католичката црква морала да врати голем дел од црковните територии кои биле одземени од протестантите во 1552 година. Овој настан го налутил на шведскиот крал Густав Адолф, кој започнал војна против Фердинанд. [[Албрехт Валенштајн]] имал голема моќ во тоа време, голема армија, имот и финансии. Станал многу влијателен па често пати католичките сојузници го советувале императорот да го отргне додека не стане доцна. Ова се случило во 1630 година.
 
Католичкиот сојуз на чело со [[Јохан Церклас Тили]], не успевал да ги разбие шведските сили, кои нашредувале а самата Бохемија повторно била под протестантска контрола. Кога Тили бил убиен во [[1632]] година, Фердинанд повторно помош побарал од [[Албрехт Валенштајн]]. Тој го прифатил позивот и со голема армија започнал постепено да ги напаѓа позициите на шведските позиции. Густав Адолф знаел дека католиците се припремаат за нова војна. Така таа се одвила на [[16 ноември]] [[1632]] година во [[Битка кај Лицен (1632)|биткатаБитката кај Лицен]]. Во таа битка како победници излегле Швеѓаните но царот Густав бил убиен. Без водич, протестантските позиции биле поразени во [[Битка кај Нердлинген|биткатаБитката кај Нердлинген]]. Императорот Фердинанд започнал да се сомнева во Валенштајн, главно поради неговите обиди за соработка со протестантите. Валенштајн бил лут најмногу поради фактот што Фердинанд не сакал да го повлече едиктот кој го издал неколку години претходно. Во [[1634]] година Валенштајн бил убиен во битка.
 
[[Франција]] во војната застанала на страната на протестантите. Кардиналот [[Арман Жан ди Плеси де Ришелје]] бил прв министер на [[Луј XIII]]. Тој сметал дека Хабсбуршката династија сѐ уште е премногу опасна за Франција бидејќи во нејзини раце биле голем број на територии меѓу кои и источната граница со Франција и големото влијание кон Холандија. французите не биле задоволни од условите на Прашкиот договор од 1635 година.