Отоманска Албанија: Разлика помеѓу преработките

Нема измена во големината ,  пред 3 години
с
→‎Отпор против Османлиите: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Османлиската Империја → Османлиското Царство, Османлиската империја → Османлиското Царство ( using AWB
с →‎Отпор против Османлиите: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 12:
== Отпор против Османлиите ==
 
Албанскиот отпор против Османлиите започнал кон средината на 15 век. [[Јован Кастриот]] бил еден од албанските аристократи кој претходно се заколнал во верност кон султанот. Тој бил принуден да ги испрати своите четири синови во османлискиот двор каде биле обучени за воена служба. Најмалиот од нив, [[Ѓорѓија Кастриот]] (1403-1468) го привлекол вниманието на султанот. Со прифаќањето на исламот тој го добил името Искендер. Тој учествувал во неколку походи во Мала Азија и Европа, па тој бил назначен за администратор на балканските земји и тој од тој период станал познат како Скендербег. Во 1443 година Скендербег доживеал пораз во [[Битка кај Ниш|биткатаБитката кај Ниш]] од страна на [[Унгарци]]те. По овој пораз Скендербег преку измама успеал да го убеди османлискиот паша и владетел на [[Кројска тврдина|Кројската тврдина]] да ја предаде тврдината, бидејќи така наредил султанот. Така по заземањето на тврдината Скендербег го прифатил католицизмот и објавил света војна против Османлиите.
 
На [[2 март]] [[1444]] била формирана [[Лешка лига]] на чело со Скендербег. Лигата била предводена од [[Ѓорѓија Кастриот]], а по неговата смрт од [[Лека Дукаѓини]]. Ѓерѓ ја организирал средбата на албанските благородници од фамилијата Аријанити, Дукаѓини, Спата, Топи, Музаки и лидерите на слободните албански кнежевства од високите северноалбански планини во градот [[Леска (Албанија)|Леска]]. На средбата било договорено да се организира заеднички отпор против османлиските освојувачи, а за водач на лигата бил избран Скендербег. Лигата била организирана како конфедерација бидејќи секое кнежевство го зачувал својот суверенитет.