Дебрца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
с →‎Арбиновска битка: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 402:
 
=== Арбиновска битка ===
На само неколку месеци пред [[Илинденско востание|Илинденското востание]], односно на 28 март 1903 се одвила биткатаБитката кај Арбиново. Иистиот ден [[Дејан Војвода]] бил во своето родно село [[Лактиње]], потоа со четата заминал во село [[Врбјани]], каде што издал наредба да се избрка од селото полјакот Турчин, а потоа ги учел врбјанци да ракуваат со оружје. Истото тоа го направил и во селото [[Годивје (Охридско)|Годивје]]. Од Годивје тргнал за Арбиново, потоа кога влегол со четата во Арбиново полјакот Турчин ги забележал, селаните и тука му наредиле на Турчинот да си отиде. Тој заминал тогаш за [[Издеглавје]], каде што имало 8 души аскер, и 20 души заптии. Тогаш мудуринот соопштил во блиското муслиманско село [[Песочани]], и со ред по чифлиците каде имало Турци ([[Слатински Чифлик]], [[Сошани]], [[Оздолени]]), и се собрале до 100 души башибузук, и илјада души аскер и заптии и ноќта го опколиле селото Арбиново. Во селото Арбиново со Дејан Војвода во тој момент биле: [[Ташко Арсов]], [[Ламбе Дојчинов]], [[Сандре Џико]] сите од [[Охрид]], Стојан Караџа од [[Годивје (Охридско)|Годивје]], Иван Савевски, Дабе Христов и Ѓурчин сите од [[Слатино (Охридско)|Слатино]], Кочо Иванов од [[Арбиново]], Крсте Димуш од [[Сливово]], Наум Илиев од [[Издеглавје]], и Бимбил и уште двајца браќа од [[Лактиње]]. Тие биле отседнати во три-четири куќи кај поистакнати рбинци (арбинци). Опсадата ја откриле во полноќните часови, и се разделиле во групи и се обиделе да се пробијат низ обрачот на аскерот, користејќи ја темнината, тогаш Дејан Војвода отворил оган на аскерот при што паднале неколку Турци, а во тоа време на помош на неговата чета почнале да доаѓаат селани од околните села, од [[Лактиње]] 20 души, од [[Годивје (Охридско)|Годивје]] 16, од [[Врбјани]] 23, од [[Сливово]] 15, од [[Мраморец]] 30, од [[Турје]] 10. Од кај месноста Солишта собраните сили го нападнале аскерот од западната и северната страна. Од кај источната страна нападнале слатинци. Во меѓувреме и на опколените Турци им дошла помош од околу 200 души башибузук од кај селото [[Велмеј]], борбата станувала неизвесна. И тогаш на македонските чети им пристигнал на помош кичевскиот војвода [[Арсо Мицков|Арско Мицков]] со 80 души од околните кичевски села (од [[Копачка (област)|Копачка]]), Турците биле тогаш разбиени и морале да се повлечат, по што победиле четите на [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]]. Но неколку дена по оваа битка Турците повторно се вратиле назад и ги запалиле сите села во Дебрца, и забрале 218 селани за [[Дијарбакир|Дијарбекир]]. По овој настан е сниман и филмот [[Најдолгиот пат (филм)|Најдолгиот Пат]], како и настаната песната „Гори Балкан“.<ref name=":2">{{Наведена книга|title=Житија Караормански|last=Петровски|first=Трајан|publisher=Култура|year=1989|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref>
 
=== Последици од Илинденското Востание во Дебрца ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебрца