Рајан Гигс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2), се додека → сè додека
с →‎Средината и крајот на 1990-тите: Јазична исправка, replaced: Пиеро → Пјеро
Ред 68:
Крајот на сезоната во 1995 година донесе многу контроверзи откако Јунајтед ги продаде [[Пол Инс]], [[Марк Хјуџис]] и [[Андреј Канчелскис]] и ја започна сезоната без некое поголемо засилување, иако тие го доведоа [[Енди Кол]] на тој ранг за национален рекорд од 7 милиони [[фунти]] на половина од сезоната.
Во 1995-96 година, Гигс се врати во потполна форма и играше витален дел во уникатната втора двојна круна на Јунајтед, неговиот гол против [[ФК Евертон|Евертон]] на [[Стадион Гудисон Парк|Гудисон Парк]] на 9-ти септември 1995 година беше во потесниот круг за наградата гол на сезоната, иако беше победен во гласовите од голот на [[Џорџи Кинкладзе]] од [[Манчестер Сити]]. Во ноември таа сезона, Гигс постигна два гола во мечот од Премиер лигата против [[ФК Саутхемптон|Саутемптон]], веројатно неговото најдобро издание во сезоната, каде Јунајтед победи со 4-1 да го задржи притисокот на страната на [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл Јунајтед]] кои всушност имаа позитива од 10 поени на 23-ти декмври но беа конечно престигнати од Јунајтед во средината на март. Гигс беше исто така во составот на Јунајтед во победата над [[Ливерпул]] во финалето на [[ФА Куп|ФА купот]] на 11 мај 1996 година, каде [[Ерик Кантона]] го постигна победничкиот погодок и единствен гол на натпреварот. Од сега, Гигс имаше неколку нови клучни колеги во пробивот на младинците [[Гери Невил]], [[Фил Невил]], [[Ники Бат]], [[Дејвид Бекам]] и [[Пол Сколс]]. Бекам ја презеде десната крилна позиција од Андреј Канчелскис и Бат го наследи Пол Инс на централната средна позиција за да го комплетира новиот изглед на средината на Јунајтед со Гигс и [[Рој Кин]].
Во сезоната што следеше, Гигс ја имаше првата вистинска шанса да заблеска во [[Европа]]. Играјќи клучна улога во освојувањето на Јунајтед на нивната трета титула во лигата во четири сезони, тој му помогна на тимот да стигне до полифиналето на [[Лига на шампиони во фудбал|УЕФА Лигата на шампионите]], првпат за Јунајтед по 28 години. Како и да е, нивните надежи за европска слава беа прекинати од страна на [[ФК Борусија Дортмунд|Борусија Дортмунд]], кои ги оддалечи со победата во двата натпревари во полуфиналето од по 1-0. На крајот на сезоната, играчот на [[Јувентус]] [[Алесандро Дел ПиероПјеро]] им кажа на италијаските медии дека Гигс бил еден од двајцата негови омилени играчи, и ја даде следнава незаборавна мисла; ,,Ова е засрамувачко да се каже, но јас имам заплачено двапати во мојот живот гледајќи фудбалер, првиот беше [[Роберто Баџо|Роберто (Баџо)]] и вториот беше Рајан Гигс.“
Во сезоната 1997-98, Јунајтед беа победени за титулата од Премиер лигата од [[ФК Арсенал|Арсенал]], проследени со непосакувана форма од март до почетокот на април, беа оставени без трофеј за само вторпат од 1989. Во оваа сезона, Гигс пропушти многу натпревари поради повреда, но кога беше здрав неговата форма беше постојано одлична и тој играше во двете финалиња на куповите за Јунајтед таа сезона. Значајни моменти беа неговиот гол во продолжението во полуфиналето од [[ФА Куп|ФА купот]] против [[ФК Арсенал|Арсенал]] за победа на Јунајтед од 2-1, и неговиот израмнувачки гол во деведесетата минута во натпреварот на домашен терен од УЕФА Лигата на шампиони против Јувентус, реми 1-1 по кое две недели подоцна следеше 3-2 победа во [[Торино]] каде што Јунајтед се врати од негатива од два гола.
Најзначајно во сезоната 1998-99 беше кога Гигс го намести израмнувачкиот гол постигнат од [[Теди Шерингам]] во финалето од УЕФА Лигата на шампиони во 1999 година против [[Бајерн Минхен|Баерн Минхен]], што му го отвори патот на Јунајтед за тројната круна. Напаѓачот [[Оле Гунар Солскер]] го постигна победничкиот гол во последните моменти од натпреварот две минути подоцна. Гигс беше исто играч на натпреварот кага Јунајтед го победи [[ФК Палмеирас|Палмеирас]] и го освои Интернационалниот куп подоцна таа година.