Слобода на печатот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Недемократски држави: Јазична исправка, replaced: Блискиот исток → Блискиот Исток
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2), се додека → сè додека (2)
Ред 32:
=== Недемократски држави ===
 
Според Репортери без граници, повеќе од една третина од луѓето во светот живеат во земји во кои нема слобода на печатот. Овие луѓе претежно живеат во земји каде нема демократски систем или каде има сериозни недостатоци во демократскиот процес. Слободата на печатот е екстремно преблематичен проблем/концепт за повеќето недемократски владини системи откако, во модерната ера, строгата контрола на пристапот до информации е од клучно значење за постоењето на повеќето недемократски влади и нивните системи за контрола и безбедносен апарат. За таа цел, повеќето недемократски општества вработуваат организации за водење на државните вести, кои ќе промовираат пропаганда која е од клучно значење за одржување на постоечката политичка моќ и потиснување (најчесто многу брутално, со помош на полиција, војска или разознавачки служби) на секој значаен обид од страна на медиумите или некој самостоен новинар да ја преиспита одобрената ,,владина гарнитура " за спорните прашања. Во ваквите земји, новинарите кои работат на работ на она што се смета за прифатливо многу често стануваат мета на значително заплашување од страна на државни агенти. Тоа може да бидат едноставни закани за нивните професионални кариери (заплашување, ставање на црна листа) па сесè до смртни закани, киднапирање тортура и убиство. Репортери без граници објави дека во 2003 г. 42 новинари ги загубија своите животи извршувајќи ја својата професија и дека во истата година, најмалку 130 новинари завршија во затвор, како резултат на нивните професионални активности. Во 2005год. 63 новинари и 5 медиумски помошници беа убиени ширум светот.
 
- Случајот Лира Бајсетова во Казахстан
Ред 59:
Големата револуција која се случи во Англија во 1688год. воспостави парламентарен суверенитет над круната, а над се револуцијата за права. Човекот кој најмногу придонесе за западната либерална теорија беше Џон Лок. Лок се расправаше дека во два владини договори индивидуалци поставиле некои од неговите права кои се присутни во природата, под старателство на суверенитетот (владата) во замена на заштита на одредени природни индивидуални права. Општествениот договор е склучен од страна на луѓето.
 
До 1694год., Англија имаше сложен систем на лиценцирање. Ниедна публикација не беше дозволена ако не е придружена од лиценца доделена од владата. Педесет години претходно, за време на граѓанската војна, Џон Милтон го напиша неговиот памфлет ,,Ареофагитика". Во ова дело Милтон говореше силно против оваа форма на владина цензура И направи пародија од неа пишувајќи ,, должници и деликвенти можат да одат во странство без чувар, но ненавредливи книги не смеат да се мешаат без видлив затворски чувар во насловот". Иако во тоа време тоа направи многу малку против праксата на лиценцирање, подоцна тоа ќе се смета за значајна пресвртница, како една од најпознатите елоквентни одбрани на слободата на печатот. Централниот аргумент на Милтон беше дека индивидуалецот е способен да користи причина и да разликува исправно од погрешно, и добро од лошо. Со цел да биде во можност да го оствари ова рационално право, лицето мора да има неограничен пристап до идеите на своите блиски преку слободна и отворена средба. Од делата на Милтон се разви концептот за отворен пазар на идеи, идејата дека кога луѓето се расправаат едни со други добрите аргументи ќе надвладеат. Една форма на говор која во голема мера беше ограничена во Англија беше подмолната клевета, а законите беа така осмислени што критикувањето на владата се сметаше за криминал. Според Англискиот суд на Свездената комора, Кралот беше над јавната критика и беа забранети изјави кои ја критикуваат владата. Вистината не е одбрана за подмолна клевета, бидејќи целта беше да се спречи и казни секаква осуда на власта. Џон Стјуард Мил му пријде на проблемот на власта наспроти проблемот на практичниот 19 век во врска со слободата на гледна точка: Секој поединец има право да го изрази своето мислење сесè додека тоа не им штети на други поединци. Добро општество е она во кое најголем број на луѓе уживаат во најголемата количина на среќа која е возможна. Применувајќи ги овие генерални принципи на слобода на изразување, Мил тврди дека ако не го искажеме своето мислење можно е да ја премолчиме вистината. Поради тоа, индивидуалната слобода на изразување е од суштинско значење за благосостојбата на општеството.
 
Примената на генералните принципи на слобода на Мил се изразени во неговата книга ,,На слободата": ,, Ако целото човештво минус еден, го имаат истото мислење, а еден, само еден човек има спротивно мислење, човештвото нема да биде повеќе оправдано ако го замолчи тој еден човек, отколку што би бил оправдан тој ако има моќ да го замолчи општеството".
Ред 65:
=== Индија ===
 
Во индијскиот устав, сесè додека не се спомне зборот печат, обезбедува ,, право на слобода на говор и изразување" (член 19(1)а). Сепак, ова право е предмет на ограничување во подклаузулата (2), при што оваа слобода може да биде ограничена заради ,, суверенитетот и интегритетот на Индија, безбедноста на државата, пријателски односи со странски држави, јавниот ред, зачувавање на пристојноста, зачувување на моралот, во случај на презир, судот, клевета или поттикнување на кривично дело". Закони како Официјалниот таен акт и Законот за спречување на терористички активности (Пота) , се користат за да се ограничи слободата на печатот. Под Пота некое лице може да биде притворено и до шест месеци затоа што било во контакт со терорист или терористичка група. Пота беше укинат во 2006год. но Официјалниот таен акт кој беше направен во 1923год. продолжува да постои. За време на првите 500години независност, контролата на медиумите од страна на државата беше најголема пречка за слободата на печатот. Индира Ганди во 1975год. ја кажа славната изјава дека,, сите радија во Индија се владин орган и ќе останат владин орган…". Со почетокот на либерализацијата во 1990-тите, започна и приватната контрола на медиумите, што доведе до зголемување на независноста и поголема контрола на власта.
 
=== Нацистичка Германија (1933год.-1945год.) ===
 
Во 1933год. по Пожарната уредба на Рајхстагот на претседателот Паул фон Хиденбург и како што Адолф Хитлер доаѓаше на власт, слободата на печатот во Германија беше потисната. Хитлер во голема мера ја потиснуваше слободата на печатот преку министерството за јавно просветителство и пропаганда на Јозеф Гебелс. Како што наведува името на министерството, зборот пропаганда не се споменува во негативна конотација како во денешно време (или како во сојузничките земји) . ,,Како-да…" прирачници кои го објаснуваат занаетот на ефективна пропаганда беа отворено дистрибуирани од страна на истото министерство. Министерството исто така делуваше и како централна контролна точка за сите медиуми преку издавање на наредби за тоа какви приказни може да се печатат, а какви ќе бидат потиснати. Сите кои биле вклучени во филмаскта индустрија, од директорите па сесè до помошниците од најнизок ранг, морале да потпишат заклетва за лојалност кон нацистичката партија, бидејќи Гебелс ја воочува моќта на промената на мислењето поради филмовите (Самиот Гебелс лично вршел контрола врз секој филм направен во нацистичка Европа). Новинарите кои оделе против пропагандата на министерството биле рутински затварани или стрелани како предавници. Службата за безбедност и други нацистички полициски организации, создале мрежа на внатрешно, домашно шпионирање, така што на пример Општеството на белата роза било во постојан страв дека ќе бидат откриени и убиени.
 
=== Шветска-Финска ===