Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎СВЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕАЛЕН АИКИДО: Форматна исправка, replaced: 3 год. → 3 г., 8 год. → 8 г.
с →‎Историја на аикидото: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 5:
'''Изворното аикидо''' потекнува од вештината аики-џицу, која што датира од 9 век од [[Јапонија]]. Истата била вклучена во борбената обука на самураите, базирајќи се врз техниката на одбрана. Оваа вештина ја изучувал и основачот на современото Аикидо, [[Морихеј Уешиба]] ([[1883]] - [[1969]]), познат на илјадници ученици на Аикидо во целиот свет како О Сенсеи - Големиот Учител. Како голем експерт во боречките вештини, не бил задоволен од ниедна, затоа што во сите имало премногу насилство, повредени или мртви. Уешиба сметал дека борбата чијашто цел е да го повреди или убие противникот треба да се забрани.
 
Сите овие причини го натерале Уешиба да го создаде својот систем во 1925 г., којшто го нарекол Аикидо. Со тоа тој направил голем скок од ЏИЦУ, кон ДО системот, односно кон неборечките вештини. Меѓутоа сесè до 1948 година Аикидо не бил познат надвор од Јапонија, заради тоа што Уешиба не сакал да им даде на луѓето во раце една многу опасна вештина. Но, ситуацијата се менува после Втората светска војна, кога Аикидо зема голем замав.
 
Суштината на сите Аикидо техники, е во употребата на сферични движења околу стабилен, исполнет со енергија центар. Дури и кога во некоја техника се чини дека се употребува само еден дел од телото, набљудувајќи одблиску се открива дека движењата во Аикидо се всушност целосни телесни движења. Правилно изведени, некои техники се спектакуларни, фрлајќи го опонентот во воздух. Другите се мали, брзи движења кои го здрвуваат или го прават неподвижен противникот. Тоа се постигнува преку употреба на силата на лост, инерција, гравитација и акцијата на центрифугални и центрипетални сили. Во глобала, тоа е енергијата на самиот напад која што го руши напаѓачот.