Проект „Вардарска Долина“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 3 год. → 3 г., 4 год. → 4 г.
с →‎Разработка на проектот: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 16:
Според планот за реконструкции на железнички лании од I ред на територијата на [[ЈЖ]] во кој спаѓа и линијата Скопје - Гевгелија, проектантот морал да проектира линија за брзина од 100 км/ч. Држејќи се на спогодбените и техничките услови, проектантот на фотограметриска ситуација во размер од 1:10000 повлекол на десниот и левиот брег на реката по една основна варијанта и подваријанти со намера да го изнајде најекономичното решение. На првиот дел од станицата [[ЖС „Зелениково“|Зелениково]] до влезот во [[тунелот Пчиња]], се повлечени над котата на заезерената вода обете варијанти заедно. Оттука левобрежната варијанта свртува повеќе лево и со тунел долг 1955 m минува низ пчињскиот падиноски брег, а потоа со мост преку заезерената вода на Вардар, преоѓа на левата страна и влегува во новопроектираната станица „[[ЖС “Пчиња“|Пчиња]]". Понатаму трасата оди по левиот брег на Вардар преку селото [[Сопот]], па над селото [[Новачани]], потоа покрај [[Башино Село]] се развива и се враќа на десниот брег на Вардар нешто јужно од браната и се приклучува на постојната оска на линијата Скопје – Велес. На трасата најголеми објекти се: 13 тунели со вкупна должина од 8.600 m меѓу кои најголем е Новачани со должина од 2.080 m. Покрај голем број [[пропуст]]и и помали мостови, преку Вардар се предвидени два премина со два големи мостови. Левобрежната варијанта е долга околу 26 km. Нејзината вредност изнесува 12.584.582.000 тогашни динари.
 
Деснобрежната варијанта, оди по истата траса како и левобрежната до влезот во тунелот Пчиња, каде што свртува нешто десно и низ тунел од 2095 m се пробива низ брегот „Пчиња", потоа продолжува по десниот брег на реката Вардар сесè до [[ЖС „Велес“|железничката станица Велес]]. Вкупната должина на оваа варијанта изнесува 22,735 km. Во меѓупросторот Зелениково - Велес има две станици. Во вештачките работи и на оваа варијанта имаат доминанто место тунелите со вкупна должина од 7.900 m, меѓу кои [[тунелот Орлов Камен]] во должина од 4.145 m е најголем објект на линијата. Вкупната вредност на деснобрежната варијанта изнесува 9.960.600.000 динари.
 
Проектот бил ревидиран на 27 мај 1964 г. кога е прифатена деснобрежната варијанта со извесни забелешки.