Принципат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Воспоставување на принципатот: Форматна исправка, replaced: 9 год. → 9 г.
с →‎Воспоставување на принципатот: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 10:
На денот на основањето на принципатот била извршена поделба на провинции. Пограничните провинции ([[Сирија]], трите галски провинции, областите во [[Шпанија]] и др.) биле прогласени за царски. Старите мирни провинции (Африка, Бетика, Нарбонска Галија, Македонија, Азија) биле сметани за сенатски провинции и со нив управувале проконзули или пропретори избирани од страна на сенатот. Уште од 36.г Октавијан добил доживотна трибунска власт (''tribunica protestas''). Со тоа тој можел да предложува нови закони, да делува во сенатот и со своето вето да ги отфрли сите одлуки на сенатот и магистратот ако го најде тоа за потребно. Највисоката воена власт (imperium) и трибунската власт (''tribunica protestas'') биле правна основа на владеењето на Август. Титулата принцепс која Октавијан ја земал 29-28 (по составувањето на новиот сенат) добила сега ново значење, за разлика од времето на Републиката. Таа се подразбирала не само како прв сенатор, туку и како прв човек во државата. Освен тоа се менува и значењето на титулата император, која Август ја вклучил во своето име, а во неговота службена титула означувала и колку пати бил прогласуван за император. Под влијание на хеленистичките монархии Августовата власт добива и религиски посветувања. Во 12 година, на Август му е доделена титулата голем понтификт (''pontifex maximus'') и на тој начин се прогласил за поглавар на римската религија. Во 2 година п.н.е Август бил прогласен за татко на нацијата (''pater patriae'') што укажува на неговата особена врска со народот. По тврдењето на самиот Август, највисокиот авторитет (''auctoritas'') бил основа на неговата власт. Неговиот авторитет се темелел на тоа што Август донесол внатрешен мир во империјата, која била спремна да се откаже од политичката слобода, само да дојде до мир. Службена парола во тоа време била ''Pax Romana'' (Римски мир).<ref>Ковалёв С.И,(1948), „История Рима“, Ленинград. стр. 493-505.</ref><ref>Машкин А.Н,(1956), „История древнего Рима“, Москва. стр. 345-351.</ref>
 
Принципатот, воопштено, траел од почетокот на владеењето на Октавијан Август, па сесè до стапувањето на престолот на царот [[Диоклецијан]] во 284 г., иако голем дел од III век всушност бил обележан со постојано менување на царевите на престолот, кои своеволно биле прогласувани од страна војниците ширум [[Римско Царство|Царството]]. Затоа тој период понекогаш се нарекува и време на војничките цареви.
 
Сепак, принципатот формално исчезнува дури со Диоклецијан, кој воведува ново државно и општествено уредување во Царството, познато како [[доминат]], кое понатаму ќе го измени неговиот наследник [[Константин Велики]].