Марко Марулиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Ренесансаренесанса
с →‎Епот „Јудита“: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 30:
 
===Епот „Јудита“===
Прво најрано дело на Марулиќ е епот „'''Јудита'''“. И овде се говори за актуелната судбина на Сплит, но има широка историска метафора. И овде е користена библиска приказна - онаа за грешната Јудита. Епот е во форма на стихуван роман, има ликови, фабула и настани. Библиската приказна кажува дека кога војската на [[Набукодоносор]] го опколува градот [[Баталија]], една граѓанка, младата и убава вдовица, се жртвува за да го спаси градот. Го заведува Олоферн, водачот на војската на Набукодоносор, и првата ноќ го убива. Држејќи сесè до основните настани на библиската приказна, Марулиќ го гради својот еп во 6 пеења.
 
Уште во првите слики станува јасно зошто Марулиќ се определил за оваа тема. Во слична ситуација се наоѓал [[Сплит]], опколен од Труците: глад, болести, водоводот бил пресечен. Градејќи ја сликата меѓу библиската легенда и сопствената стварност, марулиќ ја потенцирал храброста на јунаците. Во епот Јудита излегува раскошно облечена, заедно со својата слугинка. Во сите други случаи кога Јудита би му се подала на поробувачот, таа би била неморална, но овде својот неморал го принесува како жртва пред олтарот на Сплит. Јудита е главна почесна гостинка на гозбата што ја приредува Олоферн. После љубовната ноќ, Јудита му ја отсекува главата и ја носи во градот, каде граѓаните ја истакнуваат на ѕидините. Ова внесува паника во редовите на напаѓачите, а војската од градот успева да ја скрши опсадата. Епот завршува кко Јудита живее во градот до својата 104 година.