Дончо Штипјанчето: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Биографија: Јазична исправка, replaced: Османската империја → Османлиското Царство
с →‎Во затворот: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 54:
По [[Грчко-турска војна (1897)|Грчко-турската војна]], Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (''македонци егзархисти''), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на [[20 октомври]] [[1897]] година. По излегувањето од затвор заминал за [[Штип]], но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за [[Бугарија]] зимата на 1897/98 година и се населил во [[Ќустендил]].
 
Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со своите коњи. По смртта на [[Даме Груев]] се приклонил кон [[Христо Матов]] и [[Тодор Александров]], а својата дејност ја продолжил во [[ВМРО (Автономистичка)]] сесè до [[1922]] година кога му се влошило здравјето.
 
Дончо умрел на [[15 април]] [[1931]] година во [[Ќустендил]]. На неговиот погреб неговиот пријател и соборник Тодор Станков му донел венец со натписот ''Gaius Mucius Scaevola'' (Римско момче, кое било познато по својата храброст).