Бура (драма): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: актерот → глумецот using AWB
с →‎Современи извори: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
Ред 54:
==Современи извори==
 
Не постои единствен и очигледен извор кој служи како основа за приказната во „Бура“; драмата изгледа дека е составена од повеќе извори.Уште од 18 век, од самото започнување на школото кое ги истражува изворите, истражувачите пронашле извадоци во „Бура“ од „Нафрагиум“, напишана од Еразмо Ротердамски, и преводот на Ричард Еден од 1555 за „Де орбо ново“, напишана од Питер Мартр. Притоа, повеќето критичари сметаат дека „Вистинскиот извештај за бродоломот и избавување на Сер Томас Гејтс, витезот“ на Вилијам Страхеј, извештај кој е изјава од очевидец за потонувањето на бродот „Морско патување“ на островот Бермуда во 1609 година додека пловел кон Вирџинија, е земен како основен извор на [[Шекспир]] за „Бура“ поради сличностите во темата, приказната и речникот. Иако не е објавена сесè до 1625 година, изјавата на Страхеј, една од неколкуте кои го објаснуваат инцидентот, е датирана од 15 јули 1610 година и критичарите велат дека [[Шекспир]] морал некаде да го види ракописот таа година. Е.К. Чејмберс го гледа „Вистинскиот извештај“ како шекспировиот „главен мотив“ за „Бура“, и современите издавачи велат дека [[Шекспир]] сигурно „преземал“ од Страхеј и Монтањ одредени делови во драмата. Но исто така има и скептицизам за наводното влијание на Страхеј. Кенет Мур тврди дека “нема сомневање дека [[Шекспир]] го прочитал „Вистинскиот извештај“ на Вилијам Страхеј, но степенот на вербалното ехо кој памфлетите го имаат е претеран. Не постои бродолом во историјата или фикцијата во кој не се спомнува делење, тонење на бродот поради товарот, сметањето на патниците за изгубени, недоволната острина на северните ветрови или пак неспособноста на патниците да се фатат за остатоците од бродот и да одпливаат до брегот“, и продолжува да вели дека „известувањето на Страхеј за бродоломот е комбиниран со мемоарите на Свети Павле и разговорите на Еразмо“.
 
Викторијанските антиквари Џозеф Хантер и Карл Елц го оспориле датумот на објавување (1610-1611), и ова оспорување е оживеано од Роџер Стритматер и Лин Коситцки во 2007, односно 2009 година. Тие велат дека изворите кои се пред писмото на Страхеј се совпаѓаат со шекспировите изразувања и текстови.