Анри Бергсон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
Ред 49:
Во 1878, Бергсон станува француски државјанин, имајќи избор да одбере и англиско државјанство. Примен е во Екол Нормал заедно со [[Емил Диркем]] и [[Жан Жорес]]. Бергсон дипломира во Екол Нормал во 1881. На крајот на филозофското образование во Франција, студентите се должни да положат високо селективен испит, пишувајќи текст на одредена тема, во случајов „Која е вредноста на современата психологија?“, на која Бергсон е рангиран како втор. Започнал да предава отпрвин во средно училиште, а неколку години подоцна и на Универзитет во градот Анжерс.
 
Неговата академска кариера набргу расте објавувајќи неколку познати текстови и трудови во реномирани списанија. Овие трудови му овозможуваат да стане професор во престижниот Колеж де Франс, а подоцна и во неговото матично Екол Нормал. Во овој период Бергсон ја посетува и Америка, каде извршува големо влијание врз прагматизмот на Вилијам Џејмс и воопшто американската книжевност. Во овој период, искрснува Првата светска војна, а со ова и почетокот на неговата политичка кариера. Најпрвин е пратен во Шпанија, а набргу е пратен на дипломатска мисија во САД да се сретне со американскиот претседател [[Вудро Вилсон]]. По неговата посета на Вашингтон, Бергсон изјавува: „Штотуку преживеав незаборавни часови. Човештвото ми се виде преобразено. […] Франција се спаси. Беше најголемата радост во мојот живот.“ Во меѓувреме, Бергсон соработува со американската влада со цел создавање „друштво на народите,“ тело со претставници од сите нации кои се залагаат за воспоставување мир. Ова друштво постои сесè до 1946, кога прераснува во Обединетите нации. Следствено, Бергсон се прославува повеќе поради своите политички постигнувања отколку поради својата филозофија.
 
Во 1922, Бергсон е прогласен за претседател на Меѓународната комисија за интелектуална соработка - претходникот на УНЕСКО. Таму, Бергсон учествува во дебата со Ајнштајн, која, според Мерло-Понти, претставува „криза на разумот“. Бергсон ги објавува своите размисли за Ајнштајн под наслов ''Траење и истовременост''. Сѐ уште постои контраверзност околу ова дело. Бергсон дозволува книгата да се печати сесè до шестото и последно издание. Во втората половина на дваесетите години, Бергсон страда од сериозен артритос, што го принудува да се повлече од јавниот живот. Во 1928, награден е со нобелова награда за книжевност. Бергсон умира на 3 јануари, 1941 на возраст од 81 година. Втората светска војна е веќе започната и Германија успешно ја окупира Франција. Постојат гласини дека Бергсон се заразил од болеста која го доведува до смрт чекајќи во ред да потпише дека е евреј. За жал, Бергсон потпишува тестамент во кој наложува сите негови списи да бидат уништени. Неговата жена наводно ја проследува неговата желба, палејќи ги сите негови документи. Поради ова, Бергсон, за разлика од негови други современици не достигнува висока популарност, имено најголемиот дел од неговите списи се уништени.
 
==Творештво==