Англиска реформација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Протестантската реформација → протестантската реформација
Ред 1:
[[Податотека:Hans Holbein d. J. 049.jpg|thumb|десно|150px|Кралот [[Хенри VIII]]]]
'''Англиската Реформација''' се однесува за серија од настани во [[16 век]] во [[Англија]], со која [[Црква на Англија|црквата на Англија]] се оделила од авторитетот на [[папа|папата]]та и [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]].
 
Овие настани се тесно поврзани со [[Протестантска реформација|Протестантскатапротестантската реформација]] во [[Европа]], како верско и политичко движење чие влијание на практиката во поголемиот дел од [[Европа]] во текот на овој период било во подем. За подемот на овој процес придонеле поголем број на фактори. Еден од основните бил падот на [[Феудализам|феудализмот]] и подемот на [[нациозализам|национализмот]], подемот на општото право, пронаоѓањето на печатарската машина и зголеменото печатење на [[Библија|Библијата]]та, кое довело до пренесување на нови знаења и идеи меѓу научниците како на високата така и на средната класа. Сепак, во различните фази на англиската реформација, во која биле опфатени [[Велс]] и [[Ирска]], во голема мера таа била потикнета од промените во политиката на владата.
 
Можеби сè започнало по желбата на кралот [[Хенри VIII]] да го поништи својот брак со [[Катерина Арагонска]]. Сепак, според многу научници, англиската реформација на почетокот била повеќе политички отколку теолошки спор. Реалноста на политичките разлики помеѓу [[Рим]] и [[Англија]] довеле до зголемување на теолошките спорови во прв план. <ref name=scruton1996p470>Cf. "The Reformation must not be confused with the changes introduced into the Church of England during the 'Reformation Parliament' of 1529-36, which were of a political rather than a religious nature, designed to unite the secular and religious sources of authority within a single sovereign power: the Anglican Church did not until later make any substantial change in doctrine". Roger Scruton, ''A Dictionary of Political Thought'' (Macmillan, 1996), p.&nbsp;470.</ref> Пред раскинувањето со Рим, црковните закони во Англија биле потполно регулирани од страна на [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]]. Црковните даноци биле плаќани директно на [[Рим]] и тоа на папата, кој го имал последниот збор во именувањето на епископите. Раскинот на односите со Рим, довело да англискиот монарх се прогласи за Врховен гувернер на црквата, односно довело до создавање на декларација за [[Крал на Англија|кралот на Англија]], како глава на [[Англиканска црква|Англиканската црква]].
 
== Позадина ==
[[Податотека:Cromwell,Thomas(1EEssex)01.jpg|thumb|[[Томас Кромвел]] (1485–1540), прв министер на кралот од 1532–1540.]]
 
Кралот [[Хенри VIII]] на англискиот трон застанал во [[1509]] година на возраст од 17 години. Тој направил династички брак со [[Катерина Арагонска]], вдовицата на својот брат Артур, во [[јуни]] [[1509]] година, непосредно пред крунисувањето. За разлика од неговиот татко, кој бил по карактер потаен и конзервативен, младиот Хенри имал својство да биде олицетворение на рицарство и друштвеноста, донесувајќи во дворот тинејџери за различни претстави. Тој бил голем католик, обслужувал до пет маси на ден (освен за време на ловската сезона, во која многу уживал). Во голем број на случаи, и самиот тој дозволувал да биде под влијание на неговите советници. <ref>Susan Brigden, ''New Worlds, Lost Worlds'' (Allen Lane 2000) p.&nbsp;109f. He "believed he that he could keep his own secrets... but he was often deceived and he deceived himself." (p.&nbsp;103)</ref> Меѓу неговите современици и млади канцелари, најблизок соработник му бил кардиналот [[Томас Вулзи]]. Под негов умислен притисок, кралот се одржувал до католизмот и ги почитувал папските задолженија кон него. Во [[1521]] година тој застанал во одбрана на Католичката црква од [[Мартин Лутер]] на обвинувањата за [[ерес]] во една книга. Со помош на [[Томас Мор]], на него му била доделена титулата ''"Бранител на верата"'' од [[Папа Лав X]] (Следните англиски и британски монарси ја имале задржано оваа титула, дури и кога Англиканска црква се отцепила од католицизмот.) [[Томас Вулзи]] остро ги осудувал оние кои биле под влијание на лутеранските идеи<ref> Brigden, p.&nbsp;111</ref>, помеѓу кои се наоѓала и атрактивната, харизматична [[Ана Боленска]].
 
Ана пристигнала во дворот во [[1522]] година, како придружничка кралицата Катерина. Кралот добил потик кога ја запазил убавата дворска дама, бидејќи претходно не можел да добие машки наследника од страна на [[Катерина Арагонска]], која ја родила [[Мери I Тјудорска|принцезата Мери]], а потоа имала неколку неуспешни породувања и абортуси. Кралот му наредил на кардиналот Вулзи да преговара со Рим за да му дадат одобрение за поништување на неговиот брак со Катерина, врз основа на сомневање дека нејзиниот брак со Артур навистина бил конзумиран.
 
Хенри тврдел дека во овој брак нема да може да добие машки наследник<ref>Roderick Phillips, ''Untying the Knot: A Short History of Divorce'' (Cambridge University Press, 1991), p.&nbsp;20</ref>, главно поради тоа што неговата сопруга претходно била жена на неговиот брат, каде според Библијата (Левит 20 : 21) тоа не било дозволено односно било против библиските учења<ref> John Fisher mischievously pointed out that, according to [[Deuteronomy]], a man should marry his deceased brother's widow, rather than be prohibited from doing so; see also St. Mark 12:18&nbsp;ff.</ref>. Кралевиот секретар Вилијам Најт, отишол во Рим да лобира за поништување на бракот кај папата Клемент VII, меѓутоа папата не се осмелувал да ги задоволи барањата на англискиот крал, поради силното влијание на роднина на Катерина, императорот Карло V, кој веќе го имал опљачкано градот Рим, а папата бил затворен во Ватикан<ref>T.&nbsp;A. Morris, ''Europe and England in the Sixteenth Century'', (Routledge 1998), p166</ref>. Сите обиди на кардиналот Вулзи биле неплодни, згора непријателствата на Катерина, придонеле за неговиот пад, кога во 1529г. Хенри го разрешил кардиналот од неговата должност лорд канцелар и на негово место го поставил сер Томас Мор, за кој се сметало дека има уште помалку шанси за остварување на кралевата цел, делумно и поради неговата лојалност кон Рим.
 
== Парламентарни промени и легализација ==
[[Податотека:Hans Holbein d. J. 065.jpg|thumb|left|[[Томас Мор]]]]
 
Во [[1529]] година, кралот го повикал Парламентот да се справи со поништувањето на бракот. Овој парламент подоцна го добил името [[Реформиран парламент на Англија]]. Во секој случај, во земјата биле активни повеќе фракции. Некои сметале дека е преголема кралската надмоќ над црквата. Некои сакале реформи само во судските институции<ref>Haigh, p.&nbsp;73</ref>, а како најсилни биле лутеранските наследници кои биле во голем план непријателски расположени кон теологијата на Рим. [[Томас Мор]], кој станал наследник на Вулзи, сакал да воведе реформи главно против [[ерес|ересот]]от<ref>Brigden, p.&nbsp;116</ref>.
 
Кромвел бил адвокат и член на парламентот, евангелист кој максимално ја искористил близината до кралската надмоќ, кој исполнувал се кое посакувал самиот крал. <ref>MacCulloch, p.&nbsp;200</ref> Еден од неговите најблиски пријатели бил [[Томас Кранмер]], кој станал подоцна архиепископ. И покрај сè, поништувањето на бракот не одела во правилна насока за кралот. Папата по се изгледа повеќе бил заинтересиран да го слуша гласот на [[Карло V]], отколку на Хенри. Ана, Кромвел и нивните сојузници едноставно се обидувале кралот да успее да го игнорира папата. Во [[октомври]] [[1530]] година, на состанокот на свештенството било изгласано дека Парламентот не може да го овласти архиепископот да дејствува против волјата на папата. По ова, кралот преминал кон малтретирање и терор врз католичките свештеници. <ref>Haigh, p.&nbsp;106</ref>
 
== Дејствија од страна на англискиот крал против свештенството ==