Никифор I Цариградски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Вселенски собор → вселенски собор
Ред 37:
'''Никифор I Цариградски''' — [[Вселенски патријарх]] во периодот од [[806]] до [[815]] година.
 
Никифор бил роден во Константинопол. Татко му, Теодор, бил висок чиновник на царскиот дворец, богат и благочестив. Никифор служел неколку години на дворецот во истиот чин како татко му. Но откако ја увидел сета светска суета, се оддалечил на бреговите на [[Босфор]]от и таму изградил [[манастир]]. Набрзо манастирот се наполнил со монаси, а тој управувал со манастирот не сакајќи самиот да се замонаши, под изговор дека е недостоен.
 
Пред ова, учествувал на [[Седми Вселенскивселенски собор|Седмиот вселенски собор]] како мирјанин, по волја на царот и на патријархот и многу му користел на Соборот со своето извонредно познавање на [[Свето Писмо|Светото Писмо]].
 
Кога починал патријархот [[Тарасиј Цариградски|Тарасиј]], Никифор бил избран за патријарх, против неговата волја. Веднаш по изборот го примил монашкиот чин и другите чинови по ред и во [[806]] година бил востоличен во [[Аја Софија|Света Софија]] за патријарх. Тоа се случило во времето на императорот [[Никифор I]], кој набрзо потоа објавил војна на [[Бугари]]те и загинал. Неговиот син [[Ставрикиј]] владеел само два месеци и починал. По ова се зацарил царот [[Михаил I Рангабе]], но владеел само две години, додека царот [[Лав V Ерменец]] не го соборил и протерал. Кога ја зацврстил својата власт, патријархот му испратил книга за Православното Вероисповедање за да ја потпише.<ref>Според обичајот на сите византиски цареви, а што се сметало за заклетва дека ќе се држи и ќе се брани вистинската вера.</ref> Но тој не го потпишал, туку го одложил тоа за после крунисувањето. А откако патријархот го крунисал, тој повторно откажал да ја потпише оваа книга и набрзо се објавил себеси како еретик иконоборец<ref>{{cite web|title=Свети Никифор Исповедник, патријарх Цариградски|url=http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1465|accessdate=13 февруари 2011|language=Македонски}}</ref>.
Ред 57:
{{Цариградски патријарси}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Родени во 8 век]]
[[Категорија:Погребани во црквата „Свети Апостоли“]]