Асам (чај): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Твинингс → Твајнингс
Ред 9:
}}
 
'''Асам''' — [[црн чај]] кој го носи името на регионот каде се прозиведува: [[Асам]], [[Индија]]. Овој чај расте на морска височина и е познат по својот полн вкус, острина, сладест вкус и силна, светла боја. Асамските чаеви или мешавините со Асам често се продаваат како „појадочни“ („breakfast“) чаеви. Такви примери се „[[Англиски појадок (чај)|Англиски појадок]]“, „[[Ирски појадок (чај)|Ирски појадок]]“ и „Шкотски појадок“.
 
Иако „Асам“ како поим начелно се однесува на црните чаеви од Асам, регионот исто така произведува релативно помали количества на зелени и бели чаеви со својствени карактеристики.
 
Историски, Асам е вториот најголем производител на чај по [[Кина]]. Кина и Асам се единствените две поднебја во светот од каде чајот потекнува. Чајот Асам направил револуција во чајните навики бидејќи произведувањето од разни типови на чајни билки, давало разни типови на чај.
 
== Географија ==
Ред 27:
Се смета дека билката ја открил Роберт Брус како расте во дивина. Според друга верзија, асамскиот благородник Маниран Деван го одвел Бруса до билката [[1823]]. Пред неговата смрт [[1825]], Брус оваму го пренел на брат му Чарлс, кој пратил семиња од билката во Калкута во [[1831]]. Во [[1833]] британците го изгубиле мнополот на трговијата со чај со [[Кина]] и Чајниот Одбор го пратил секретарот Џорџ Гордон во Кина да ги проули методите и да започне плантажи во Асам. Тој се вратил со кинеската сорта и работниците. Донесените работници од [[Бихар]] и [[Одиша]] подоцна сочинуваат значајна демографска група во Асам. Се увидело дека локалната сорта е посоодветна на локланата клима. Со вкрстување на кинеската чајна билка се дошло до индиски хибрид, со голема разноврсност и јачина. Ова се смета за најважната еволуција во комерцијалното исползување на чајната билка.
 
На [[8 мај]] [[1838]] г. во [[Лондон]] биле испратени 350.159 кг чај „Асам“, и се продале во Индија Хаус, [[Лондон]] на [[10 јануари]], [[1839]]. Луѓето биле воодушевени од чајот и така се радила асамската чајна индустрија. Чарлс Брус и други, заедно со Манирам Деван, започнале со расчистување на џунглите и садење на [[плантажа|плантажи]].
 
На [[26 февруари]], [[1858]] Манирам Деван, едиствениот мештанин во овој бизнис бил обесен под обвинение на заговорништво и учество во [[Сепојски бунт|Сепојскиот бунт]] од [[1857]] против британците на основа на пронајдено писмо.
 
=== Современи напредоци во чајната индустрија ===
[[Податотека:twinings-assam.jpg|thumb|right|200px|Асамски чај од марката „[[ТвинингсТвајнингс]]“]]
Денес Асам го произведува повеќе од половина од чајот во Индија. На меѓународниот пазар, чајот „Асам“ се препознава по официјалното лого избрано од Чајниот Одбор на Индија. Најголемиот дел од чајот се продава на наддавање во [[Гувахати]].