Габрене: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 35:
 
== Географија ==
Селото се наоѓа во полупланински предел во северното подножје на планината [[Беласица]], познато како [[Подгорjе (Беласица)|Подгорие]]. На помалккупомалку од 1 км западно од селото минува државната граница со [[Република Македонија]], а уште толку понатаму е сместено [[струмичко]]то село [[Старо Коњарево]] во [[Општина Ново Село]]. Непосредно над селото во југозападен правец на Беласица се издига историскиот тромеѓен врв [[Тумба (врв)|Тумба]]. На 4 км северно од Габрене се наоѓа ГП „Златарево“, сместено на меѓународниот пат [[Петрич]] – [[Струмица]]. Крај селото тече реката [[Струмица (река)|Струмица]], која му го оградува атарот од север. Климата во Габрене е преодносредоземноморска.
 
До Габрене се стасува по патот Петрич – [[Првомај (село)|Првомај]]. Тука ппат се раздвојува на две, но и двата пата водат до селото. Првиот продолжува низ подгорските села и е малко пократок. Вториот оди напоредно на реката Струмица и покрај ГП „Златарево“ и границата со Р. Македонија исто така води до селото.
 
== Историја ==
Селото Габрене е старо и има богата историја. Во атарот се откриени траги од [[антика|антички]] и [[средновековие|средновековни]] населби. Непосредно западно до селото во месноста „Сариев Камен“ се наоѓа [[Стапката на Крали Марко]] — култен карпест жртвеник, дел од [[Тракијци|тракиско]] светилиште од I-IV век. Подоцна мештаните го поврзале местото со епот за [[Крали Марко]].<ref>[http://e-79.com/news-56369.html Откриха стъпката на Крали Марко край петричкото село Габрене]</ref> Во месноста „Воена Црква“ (~ 1&nbsp;км јужно од селото) се зачувани остатоци од средновековна [[црква]]. Северно од неа стојат основите на камена градба со трапезовиден облик, веројатно дел од [[тврдина]] која служела како стража.<ref>Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 183.</ref>.
 
Селото се споменува во [[Отоманско Царство|османлиски]] записници од [[1570]] и [[1664]]-[[1665]] г. под името ''Габрани''. Според податоците од првиот записник, во селото живееле 127 [[Македонци|македонски]]-[[христијани|христијански]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref> и 2 [[муслимани|муслимански]] домаќинства,<ref>Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 522–525</ref>, а според вториот, има 43 христијански домаќинства.
 
Во XIX век населението на селото се занимавало со [[земјоделство]] ([[пченка]], [[овес]], [[ориз]], [[сусам]], [[афион]], [[памук]] и др.), [[свилена буба]] и [[сточарство]]. Во „[[Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника]]“, во 1873 г. Габрене (Gabrené) е посочено като село с 32 домаќинства со 120 жители, сите [[Македонци]].<ref name="БИМ" /><ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148–149. </ref> Во [[1885]] г. е отворено основно училиште. Во [[1900]] г. според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) во Габрене живеат 450 жители, од кои 400 Македонци-христијани<ref name="БИМ" /> и 50 [[Македонски Турци|Турци]].<ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_17.htm Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.187]</ref>. Сите [[Македонци]]-христијани потпаднале под врховенството на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. По податоци на егзархискиот секретар [[Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во [[1905]] г. во Габрене живееле 360 Македонци.<ref name="БИМ" /><ref>D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 186–187</ref>
 
Габрене е ослободено од отоманската власт во [[Прва балканска војна|Првата балканска војна]] во октомври [[1912]] г. Во [[1913]] г. во [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]] селото е [[грчка вооружена пропаганда во Македонија|заземено и запалено од грчката војска]].<ref>[http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/prilozhenie_C.htm Карнегиева фондация за международен мир. „Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни“, София 1995, с. 298.]</ref> Водно грчките единици убиле 29 селани, вклучувајќи и бебиња. На влезот од селото има споменик на настраданите.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Габрене