Избришана содржина Додадена содржина
Ред 110:
 
:{{одговор|Sashko1999}} Согласката „ј“ во македонскиот јазик не се пишува кај придавки коишто завршуваат на ''-ски'' изведени од именки на ''-ија'' ([https://pravopis.mk/sites/default/files/Pravopis-2017.PDF Правопис на македонскиот јазик, 2015: 12]). Со оглед на тоа што „Тракија“ е именка којашто завршува на ''-ија'', изведената придавка според ова правописно правило е „тракиски“. Поздрав.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 18:18, 14 април 2019 (CEST)
 
== Кампања на меѓународно ниво за вметнување на фотографии/слики во статиите на кои им недостигаат ==
 
Почитуван Sashko1999.
 
Сакам да ве известам за кампањата на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат наречена „Статии без илустрација“ или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP). Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на [https://commons.wikimedia.org/wiki/Main_Page Ризницата], и да се вметнат во соодветните статии на Википедија. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.
Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).
 
Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е: прва награда ваучер од 500 долари (САД); втора награда 400 долари; трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во стати 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии 200 долари.
 
Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи илустрации на најмалку 100 статии.
 
[[Википедија:Статии без илустрација|Страница за кампањата]] која претставува и прирачник како се учествува.
 
Доколку учествувате, среќно!
 
[[User:Dandarmkd|Dandarmkd]] <small>([[User talk:Dandarmkd|разговор]])</small> 13:50, 30 јуни 2020 (CEST)