Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Ренесансаренесанса (2)
с →‎Управување: Јазична исправка, replaced: локалното население → месното население
Ред 31:
== Управување ==
[[Податотека:EPMA-10401-CILIII459-Julian letter-3.JPG|thumb|right|180px|Писмо-указ на Јулијан до Секунд, префект на Истокот за ситни судски дела. Копија на латински, најдена во Аморгос.(Епиграфски музеј на Атина)]]
Првпат Јулијан администрирал во [[Галија]]. Негов главен приоритет бил да ги избрка барбарите надвор од римската територија. За да успее му била потребна помошта на локалнотомесното население. Сметал дека е неопходно да обезбеди сигурен мир во опустошените подрачја. Поради таа причина се појавиле недоразбирања меѓу него и префектот [[Флорентиј]], чиј намери за покачување на даноците ги сметал за штетни, како и корупцијата и бирократијата, што владееле секаде. Дури го презел лично управувањето на провинција '''Belgica Secunda''' (Втора Белгија), за да има контрола над корумпираните даночници.
 
Кога седнал на императорскиот престол се зафатил со низа административни реформи. Неговиот личен аскетизам нашол одраз и во живот во дворецот. Најпрвин формирал трибунал за истрага и казнување на корумпираните службеници на [[Константиј II]]. Некои од нив биле осудени на смрт, други фрлени во затвор,а најповеќе биле избркани од дворецот, така што според современиците личел на пустиаа. Биле исфрлени илјадници слуги, евнуси, готвачи итн., т.е. сите непотребни луѓе. Тоа бил неговиот напад врз стариот систем, неефективен, корумпиран, скап и расипнички. Биле разрешени стотици тајни агенти и административни службеници. Неговата трпеза често била само од обично овошје и бил неуморен во работата. За време на денот решавал управнички прашања, давал аудиенции, диктирал писма, а вечер во библиотеката работел на други дела. Како што самиот пишувал често бил со несечени нокти и црни прсти, не носел диадема. Во обраќането бил прост и сакал да имитира добродетелта на првите принцепси. Кога биле бирани нови консули ги пресретнувал стоејќи, а по тоа ги придружувал одејќи пеш. Често посетувал константинополскиот сенат и одржувал говори, со што таа пројава на стара републичка традиција ги воодушевувала современиците.