Кочанска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г.
с →‎Географија и природни одлики: Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> (2)
Ред 11:
==Географија и природни одлики==
 
Кочанската Котлина зафаќа површина од 1020 км²<sup>2</sup> и се протега од двете страни на [[Брегалница]], од запад-југозапад кон исток-североисток, во должина од 26 км. Дното на Котлината, односно нејзиниот рамен дел зафаќа површина од 115 км²<sup>2</sup>. Најниска точка е во западниот дел, кај вливот на [[Злетовска Река]] во [[Брегалница]], каде има надморска височина од 290 метри. Одејќи кон исток рамнината постепено се издигнува, така што кај вливот на реката [[Осојница]] има височина од 330 метри. Разликата од најнискиот до највисокиот дел на полето изнесува 40 метри.
 
За одделни делови од Кочанската Котлина постојат посебни имиња. Така, средишниот дел е познат како Кочанско Поле (или само [[Кочанско]]), југоисточниот како Виничко, а западниот дел како [[Злетовица]]. Територијата пак околу поголемите села се именува како: Оризарско, Истибањско, Зрновско, Облешевско и сл.