Теба (Египет): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
Добрата врска на Тебанците со централната моќ на Северот завршила кога домородните египетски фараони конечно биле заменети со Македонци, предводени од [[Александар III Македонски|Александар Велики]]. Тој ја посетил Теба за време на прославата на фестивалот Опет. И покрај добредојдената посета, Теба станала центар за несогласување. Кон крајот на третиот век п.н.е., Хугронафор (Хорвенефер), можеби со нубинско потекло, водел востание против Птоломеите во Горниот Египет. Неговиот наследник, Анхмакис, имал големи делови на Горниот Египет до 185 година п.н.е. Овој револт бил поддржан од тебанското свештенство. По задушувањето на револтот во 185 година п.н.е., Птоломеј V, имајќи потреба од поддршка од свештенството, им простил.
 
Половина век подоцна, Тебанците повторно се кренале, издигнувајќи некој Харсиеси на престолот во 132 година п.н.е. Харсиеси, откако земал средства од кралската банка во Теба, побегнал следната година. Во 91 година п.н.е. избувнал уште еден револт. Во следните години, Теба била покорена, а градот билабил претворен во урнатини.<ref>[http://www.reshafim.org.il/ad/egypt/the_destruction_of_thebes.htm The fall of Thebes to the Assyrians and its decline thereafter]. http://www.reshafim.org.il/. Посетено на 25 јуни 2020</ref>
 
За време на римското владеење (30 п.н.е.-349 н.е.), преостанатите заедници се групирале околу столбот на храмот Луксор. Теба станала дел од римската провинција ''Тебаис'', која подоцна се разделила во ''Тебаис Супериор'', во центарот на градот, а ''Тебаис Инфериор'', со центарот на Птоломеис Хермиу. [[Римска легија]] била со седиште во храмот Луксор во времето на римските кампањи во Нубија.<ref>Dorman, P. (2015). "Luxor". Encyclopædia Britannica. Посетено на 25 јуни 2020, од http://www.britannica.com/place/Luxor</ref> Градењето не дошло до нагло запирање, но градот продолжил да опаѓа. Во првиот век од нашата ера, [[Страбон]] ја опишал Теба како смалена како едно обично село.<ref name="auto1">Dorman, P. (2015). "Thebes|Ancient city, Egypt". Encyclopædia Britannica. Посетено на 25 јуни 2020, од http://www.britannica.com/place/Thebes-ancient-Egypt</ref>