Моргана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 3-тиот век → 3 век, 9-тиот век → 9 век, 0-тиот век → 0 век using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (3), 4 год. → 4 г. (2), 6 год. → 6 г., 8 год. → 8 г.
Ред 2:
{{викификација}}
{{внимание}}
[[File:Sandys, Frederick - Morgan le Fay.JPG|thumb|''Морган ле Феј'' од [[Антони Фредерик Сандис]] (1864 год г.)]]
'''Морган ле Феј''', позната и како '''Морган ле Фаје''', Морган, '''Морген''', '''Моргана''' и други имиња, е моќна [[маѓепсничка]] во [[легендата за Артур]]. Првите дела во кои се појавува Морган не кажуваат многу за неа, само ја прикажуваат во улога на [[вила]] или маѓепсничка. Таа се истакнала многу повеќе во подоцнежните циклични прозни дела како што се [[Ланселот-Грал]] и [[пост-вулгатата]], во коишто таа станува непријател на [[кралот Артур]] и кралицата Гвиневир.
 
Ред 12:
Како што нејзиниот епитет „ле Феј“ (од франц. ''la fée'', што значи [[вила]]) укажува, ликот на Морган се чини дека првично бил прикажан како натприродно суштество. Нејзиното главно име може да е поврзано со легендите за Моргенс, или Морганс или Мари-Моргенс, коишто се [[велшки]] и [[бретонски]] духови на водата. Иако подоцнежните дела ја прикажуваат како обичен човек, таа си ги повраќа своите магични моќи. Инспирацијата за нејзиниот лик најверојатно дошла од претходната велшка митологија и литература; била споредувана со божицата Модрон, лик што доаѓа од континенталната Деа Матрона и често е спомнувана во средновековната велшка литература. Модрон се појавува во [[велшката тријада]] 70, во која нејзините деца од Уриен, Овен и Морфид, се нарекуваат „Трите благословени товари на утробата на островот Британија,“ а подоцнежна приказна сочувана во ракописот познат како Пениарт 147 ја чува приказната поцелосно. Уриен е сопруг на Морган ле Феј во континенталните романси, додека пак Овен маб Уриен е историски лик покрај нивниот син Ивејн. Покрај тоа, Модрон е наречена „ќерка на Авалач“,стар велшки Бог чиешто име може да се протолкува како именка која значи „место на јаболки“. Всушност, во приказната на Овен и концепцијата на Морфид во Пениарт 147, Модрон е наречена „ќерка на кралот на Авалач.“ Ова е слично на Авалон, „Островот на јаболките“ со кој Морган ле Феј била поврзувана уште од нејзините први појавувања. Други тврдења понекогаш ја поврзуваат Морган со [[ирската]] божица Мориган, иако има малку сличности помеѓу овие две покрај изговорот на нивните имиња.
 
{{Quotation|Поради тоа што нејзиното име и понекогаш нејзините карактеристики се слични со оние на многуте жени со натприродни моќи во велшката и ирската традиција, многумина мислат дека Морган е остаток на паганската [[келтска]] божица или дух. Келтското сродство на Морган ги вклучува божиците на војната (ирската Мориган и Мача) како и водниот народ (ирската Мирген, велшката [[Модрон]] и бретонската [[Морганес]]) – иако ниту еден од овие ликови не може со сигурност да се смета како нејзин предок. Околу 1216 год г. Џералд од Велс напишал дека во ''„fabulosi Britones“'' (приказни на [[Брити]]те) измислена божица наречена Морганис го однела [[Артур]] до Авалон за да го излечи. Ова е една од малкуте наши документирани врски меѓу келтската усна традиција и ликот што ќе се појави во романса како Морган ле Феј.|''Карл Линдал, средновековен фолклор: енциклопедија на митови, легенди, приказни, верувања и обичаи''|}}
 
==Во средновековната литература==
[[File:Frank William Warwick Topham Voyage of King Arthur and Morgan Le Fay to the Isle of Avalon 1888.jpg|thumb|left|''Патувањето на кралот Артур и Морган ле Феј до Осторовот Авалон'' од Френк Вилијам Варвик Тофам (1888 год г.)]]
Името на Морган најпрво се појавува во делото ''[[Животот на Мерлин од Џефри Монмаут]]'', напишано околу 1150 год г. Наводно, тоа е приказна за последните авантури на волшебникот Мерлин, која вклучува неколку епизоди од најпознатото претходно дело на Џефри, Historia Regum Britanniae. Во Historia Џефри објаснува дека, откако Артур бил сериозно ранет во битката кај Камлан, тој е однесен во Авалон, островот на јаболките, за да биде излечен. Во ''Животот на Мерлин'', тој го опишува овој остров подетално и ја именува „Морген“ како водачка на деветте сестри-маѓепснички коишто живеат таму. Морган ја задржува оваа улога на „лекувателка од друг свет“ на Артур во многу наредни литератури.
 
Пред циклусот старо-француски романси, Морган ретко се појавува. Кретјен де Трој ја спомнува во својата прва романса ''[[Ерек и Енида]]'', завршена околу 1170 год г.; тој кажува дека еден гостин на свадбата на измислените ликови, одреден Гиломар, господар на островот Авалон, бил пријател на Морган. Таа подоцна се спомнува во истата поема кога Артур наоѓа лековит балсам за ранетиот Ерек, направен од неговата сестра Морган; оваа епизода истовремено ги потврдува и нејзината улога за лечење и првпат ја спомнува Морган како сестра на Артур. Кретјен повторно ја спомнува Морган како значајна исцелителка во неговата наредна романса Ивен, витезот од Лион, во една епизода во која две дами му помагаат на еден полуден херој да оздрави со помош на напиток добиен од Морган. Сепак, додека Модрон е мајка на Овен во велшката литература, а Морган ја има оваа улога во подоцнежната француска литература, ова прво континентално поврзување меѓу Ивен и Морган не укажува дека тие се син и мајка.
 
Приказната за Артур, ''[[Џерент, синот на Ербин]]'', основана врз Ерек и Енида од Трој, го спомнува „главниот лекар“ на кралот Артур, [[Морган Туд]]; се смета дека овој лик, иако веројатно е машко во делото Џерент, можеби доаѓа од Морган ле Феј (иако ова било тема на дискусија меѓу научниците на Артур од 19 век. Името Туд може да биде велшко или бретонско или да е позајмено од старо-ирското ''tuath'', „северно, напуштено, лошо, злобно“, исто така и „вила, [[џуџе]]“).
[[File:Morgan Le Fay by Spencer Stanhope.jpg|thumb|upright|''Морган ле Феј'' од [[Џон Р. Спенсер Стенхоуп]] (1880 год г.)]]
 
Улогата на Морган е многу попроширена во Ланселот-Грал (Кругот на Вулгата) од 13 век и во наредните дела инспирирани од неа. Најмлада од сите ќерки на Горлоис и Игрејн, таа е испратена во манастир кога [[Утер Пендрагон]] го убива нејзиниот татко и се жени со нејзината мајка. Таму таа почнува да учи магија, но е прекината кога Утер ја мажи со неговиот сојузник Уриен. Несреќна со својот сопруг, таа има многу љубовници сé додека младата Гвиневир не ја открие и ја исфрла од дворецот чувствувајќи одвратност кон неа. Могран го продолжува учењето на магиите со помошта на Мерлин, истовремено планирајќи одмазда на Гвиневир. Во наредните поглавја таа ги користи своите моќи за да ги надмудри витезите на Артур, особено [[Ланселот]], кого се обидува да го заведе (вклучувајќи го неговото затварање сам со нејзините пријателки маѓепснички, кралицата Седил и кралицата на Сорестан, кои и двете го сакаат за љубовник) и да го прогласи како љубовник на Гвиневир. Во Прозата Тристан, таа испраќа во дворецот на Артур магичен рог за пиење од којшто дама која не е неверна ќе пие без да се истури, надевајќи се да го разоткрие неверството.
Ред 35:
Сепак, во почетокот на 20 век, неколку [[феминистки]] ја усвоија Морган како претставување на женската моќ или на исчезнувачка форма на женската духовност наводно практикувана од Келтите или претходните народи. Овие толкувања се осврнале на француските романси што ја прикажуваат Морган како „добронамерен лик“ со натприродни лекувачки моќи. Ова доведе до проширување на улогата на Морган во феминистичката литература за Артур, како што е ''[[Маглите на Авалон]]'' од [[Мерион Цимер Бредли]], којашто оди дотаму што ѝ дава заслуга за главните настани во главната приказна. Во други дела Морган има различни улоги, позитивни или барем понејасни вклучувајќи ги филмовите ''Ах! Господи: Филмот, Авантурите на Сер Галахад, Авалон, Господар на ѕверовите 3: Окото на Браксус и Мерлин, новелите Јенки од Конектикат во дворецот на кралот Артур, Екскалибар, Господар на огнот, Кралот Артур и витезите на кружната маса, Коските на Мерлин, Песната на врапчето и Идилите на кралицата'', телевизиските серии ''Пресврт во приказната, Ѕвездена порта СГ-1 и Винкс клуб'', видео-игрите ''Витезите на Артур: Приказни за витештвото, Витезите на Артур 2: Тајната на Мерлин и Кралот Артур 2: Играње улоги во Варгејм'', сериите книга и филм ''Магичната куќа на дрво'', телевизиската програма ''Кастело Ра-Тим-Бум'' и кратката приказна ''„Последниот бранител на Камелот“''.
==Во фолклорот==
[[File:The Fata Morgana, As Observed In The Harbour Of Messina.png|thumb|''Фата Моргана, забележана на пристаништето Месина'' (1884 год г.)]]
 
Морган ле Феј или ''Фата Моргана'' на [[италијански]], била поврзувана со [[Сицилија]] откако Норманите ја освоиле јужна Италија. Како такво, таа го додала своето име на формата за илузија која била честа за бреговите на Сициија , Фата Моргана. Во средновековната романса ''Флоријант и Флорет'' се кажува дека домот на Моргана бил на планината Монтегибел на Сицилија, а подоцнежниот италијански фолклор ја опишува Моргана како живее на планината [[Етна]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана