Куќа на Робевци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја на куќата: Правописна исправка, replaced: прв пат → првпат using AWB
с →‎Историја на куќата: Форматна исправка, replaced: 6 год. → 6 г.
Ред 44:
Името на познатото [[Македонци|македонско]] семејство со потекло од [[Охрид]] Робевци за првпат се споменува во 1379 година на една надгробна плоча пишувана со црковно словенско писмо во дворното место на [[Св. Богородица Перивлепта]] (Св. Климент). Градењето на првобитната куќа на Робевци било завршено на 15 април 1827 година, а за тоа зборува натписот со грчко писмо на една мермерна плоча која се наоѓа вградена во магазата (магацинот) на дворното место. Ова познато охридско трговско семејство во куќата живеело 35 години, поточно до 1861-1862 година, кога познатиот злосторник од Охрид, Устреф бег ја запалил до темел.
 
[[Податотека:Robevata Kashta 1916 Georgi Traychev.jpg|мини|десно|Ентериерот во куќата на Робевци во 1916 год г.]]
Две години подоцна, во 1863 - 1864 година била изградена денешната куќа и тоа во левата половина живеел Константин Робе, а во десната Атанас Робе. Како главен градител бил ангажиран [[Тодор Петков]] (1814 - 1899) од с. [[Гари]], кој потекнувал од познатиот копаничарско - резбарски род Огненовци. Под негово раководство бил изработен и внатрешниот ентериер - таваните, долапите и другите украсни елементи кои биле направени од резба. Во вака изградената куќа семејството Робевци живеело се до 1900 година кога се преселиле во [[Битола]], а во Охрид доаѓале само во летните месеци.