Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г.
Ред 8:
Најстарата индиска книжевност во вид на збирка од химни и различни религиозни записи е напишана на архајски [[санскрит]]. Се смета дека овие книжевни творби се собирани во [[10 век|X]] век п.н.е. Збирката од химните и религиозните записи се состои од 4 книги: ''риг-веди'', ''сама-веди'', ''јаџур-веди'' и ''атхарва-веди''. Најстари се риг-ведите и се верува дека тие настанале пред [[хомер]]овите спевови. Книжевноста на ведите со векови е пренесувана усмено.
 
[[Сутра|Сутрите]] се најдоцна создадени и припаѓаат на книжевните облици од околу 400 год г. п.н.е. [[Упанишади]]те (тајните науки), [[брахман]]ите и [[аријанаки]]те се прозни дела со филозофско-религиозен карактер.
 
== Среден период ==
Ред 14:
Овој период од развитокот на старата индиска книжевност опфаќа најразлични [[еп]]ови. Главни дела се ''[[Махабхарата]]'' и ''[[Рамајана]]'', а покрај нив и делото ''[[Валмики]]''.
 
Темата за Махабхаратата е земена од времето на индиската експанзија од север во централна Индија, додека темата за Рамајана е земена од времето на походот на Цејлон (денешна [[Шри Ланка]]). И двете дела се напишани на [[санскрит]], како и делата наречени [[пурани]], книги со религиозни и историски преданија.
 
Философските системи ги основале [[Махавира]] и [[Буда]], а нивните следбеници ги запишале низ списи на јазикот [[Пали јазик|пали]] и разни други дијалекти.
Ред 24:
Освен драмите на Калидаса, прочуена е и драмата на [[Бхавабхутиј]] ''[[Последна приказна за Рами и ѓерданот]]''. Најдобар претставник на подоцнежниот златен период е [[Џајадева]] (нарекуван и ''Кавираџ'', поетот-кнез), а најдобро му е делото лирската драма ''[[Гитаговинда]]'' (''Песна за кравјиот чопор''), во кој ја слави љубовта на малиот Кришна и млекарката Радхе.
 
Прави историски записи не постоеле во овој период. Поетот [[Бана]] ја испеал ''[[Харшакарита]]'', историска романска за животот на владетелот [[Харша]] (606-647), а во [[12 век|XII]] век од школата за летописци од [[Кашмир]] се истакнува [[Калхан]], писател на историјата за кралевите.
 
Посебен книжевен вид, особено негуван во Индија, се [[Басна|басните]] и приказните со морални и религиозни параболи и [[поука|поуки]]. Најпознати дела од ваков вид се ''[[Панчатантра]]'' (''Пет поглавја'') и ''[[Хитопадеса]]'' (''Книга со корисни совети''). Од овие зборници, преку класичната [[Грчка книжевност|грчка]], а подоцна и [[арапска книжевност]], многу мотиви преминале во приказните на [[Европа|европските]] народи. Констатирано е дека во [[езоп]]овите басни, во средновековниот ''[[Геста романорум]]'', во [[Џовани Бокачо|бокачовиот]] ''[[Декамерон]]'', па се до [[Лафонтен]], [[Браќа Грим|Браќата Грим]] и [[Вук Караџиќ]], одделни мотиви се црпени од Панчатантра.
 
Има многубројни приказни во ''[[Илјада и една ноќ]]'' кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици ''[[Дхарма-састра]]'', прописи за церемониите и [[Касти|кастовите]] обичаи, ''[[Мануов законик|Мануовиот законик]]'' и ''[[Артха-састра]]'', кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски [[Макијавели]].
 
== [[Хинди|Хиндска]] книжевност ==
Ред 34:
Почетокот на оваа етапа од развитокот на индиската книжевност ја сочинуваат еповите и [[Балада|баладите]] од ''[[Раџпутани]]те'', во кои се опишуваат јуначките подвизи на [[хинди]] кралевите против [[Ислам|муслиманските]] завојувачи. Пресврт означува едно големо дело - ''[[Притхви-раџ-Расо]]'', кое го напишал [[Чанд Бардаи]].
 
[[Вишна|Вишнаистичките]]истичките идеи повторно оживеале, а книжевноста од т.н. период [[Бакти]] ја има за главна тема вербата во еден семоќен бог со човечки облик кој се бори против злото во светот. Во овој потпериод се истакнале поетите [[Кабир]], кој основите на [[Хиндуизам|хиндуизмот]] и исламот ги прилагодил на својата филозофија; потоа [[Тулсидас]], кој во [[16 век|VI]] и [[17 век|XVII]] век одново ја напишал "Рамајана" на стариот [[аватхи]] облик на источниот хинди јазик; поетесата [[Мирабаи]] од [[Раџастан]] испеала химна во божја слава со многу голем успех.
 
Помеѓу XVII и [[19 век|XIX]] век е напишана одлична лирска поезија која на почетокот на XIX век го изгубила својот висок квалитет. Со отворањето на печатниците и под влијание на [[Англиска книжевност|англиската книжевност]] силно се развила прозата, достигнувајќи го својот врв во делата на [[Прем Чамд]] (кој пишувал на [[Урду јазик|урду]]), а кој воедно ја вовел и кратката приповетка. Освен овој писател, други млади автори ги негуваат сите книжевни облици.
Ред 40:
== [[Бенгалски јазик|Бенгалска]] книжевност ==
 
Еден од најпознатите [[бенгал]]ски поети од [[14 век|XIV]] и [[15 век|XV]] век е [[Чандидас]], кој пишувал одлични лирски песни, додека [[Кришандас Кавираџ]] ја дал одличната биографија на ''[[Чаитање]]'', вишнуански религиозен реформатор. Ова дело е едно од најпознатите на бенгалската индиска книжевност.
 
Пишувани се и многу јуначки приповетки и романтични балади. Пред [[Рабиндранат Тагоре]], за најистакнат писател на модерната бенгалска книжевност се смета [[Банким Чандра]], додека голема популарност во Бенгал стекнал и [[Исварчандра Видјасагар]]. [[Мајкл Матхусудан]] пишувал на [[Англиски јазик|англиски]] и бенгалски успешни лирски песни. Рабиндранат Тагоре е најпознат и најголем бенгалски книжевник. Во [[1913]] година ја добил [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] и негова е заслугата што бенгалскиот јазик се претворил во виртуозен книжевен јазик.
Ред 59:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Индиска книжевност| ]]