Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: рутер → насочувач (8), Рутер → Насочувач using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г. (4), 4 год. → 4 г. (2), 5 год. → 5 г., 7 год. → 7 г. (3), 8 год. → 8 г. (2), 9 год. → 9 г. (2)
Ред 3:
'''Вај-фај''' или '''Wi-Fi''' (од {{lang-en|Wireless Fidelity}}, ''безжична веродостојност'') — заштитен знак на алијансата за безжично поврзување, кој производителите можат да го користат за обележување на своите сертифицирани производи од класата на WLAN (wireless local area network) односно уреди базирани на IEEE 802.11 стандардите. Поради поврзаноста со овие стандарди, поимот Wi-Fi често се користи како синоним за технологијата базирана на IEEE 802.11стандардите.
Wi-Fi алијансата претставува светска непрофитабилна асоцијација на компании кои ја подржуваат и унапредуваат WLAN технологијата и кои издаваат сертификати за производи кои се во согласност со одредени стандарди за електронска комуникација. Не секојa направа која одговара на IEEE 802.11 стандардот е предадена за тестирање за издавање на сертификат од страна на Wi-Fi алијансата, често пати поради високите трошоци за издавање на сертификатот. Ако некоја направа, односно уред не го носи Wi-Fi логото на себе, тоа не мора да значи дека истиот не во склад со другите Wi-Fi уреди.
Од 2010 год г. IEEE 802.11 технологијата се вградува скоро во сите персонални компјутери, конзоли за видеоигри, smart phone телефони, печатачи и други надворешни единици и буквално во сите лаптоп и хендхелд компјутери.
 
==Користење==
Ред 10:
 
Wi-Fi уредите како персоналните компјутери, конзолите за видеоигри, мобилните телефони, MP3 плеери или преносните компјутери можат да се поврзат на интернет ако се во домет на безжична мрежа со пристап до интернет. Покривањето на една или повеќе точки на пристап (кои се меѓусебно поврзани), уште попознати по англискиот термин hotspot, може да зафати површина со големина од неколку соби до неколку квадратни километри. Покривањето на поголема површина може да се изведи со група од повеќе точки на пристап чии сигнали ќе се препокриваат. Wi-Fi технологијата се користи за градење на таканаречена мрежа од безжични мрежи (анг. Wireless mesh networks) како, на пример таа во Лондон, Англија.
Покрај употребата за градење на приватни мрежи по домовите и канцелариите, Wi-Fi технологијата се користи и кај [[јавна точка на безжичен пристап|пристапните точки]] (англ. ''hotspots'') за доделување на јавен пристап до интернет, бесплатно или со претплатување кај разни комерцијални услуги. Организациите и фирмите, како тие што управуваат со аеродроми, хотели и ресторани, често имаат бесплатни пристапни точки за да ги привлечат или да му помогнат на своите муштерии. Властите или поединци кои сакаат да обезбедат услуги или да го промовираат својот бизнис, често нудат бесплатен Wi-Fi пристап. Од 2008 год г. па наваму започнати се повеќе од 300 проекти (познати како Muni-Fi) низ целиот свет, за изградба на Wi-Fi мрежи на ниво на цели градови. Во мај 2008 год г. Чешката Република имала 879 Wi-Fi провајдери на безжичен интернет.
Насочувачите со Wi-fi поддршка кои имаат и вграден модем за дигитална претплатничка линија (анг. digital subscriber line modem) или кабловски модем, често се поставени по домовите или други простории и нудат интернет пристап и работење во мрежа на уредите кои се поврзани со нив, преку Wi-Fi или со кабел. Исто така Wi-Fi уредите можат да се поврзат во директна клиент-клиент врска во ad hoc режим на работа без посредство на насочувач. Преку Wi-Fi денес се овозможува интернет пристап и до тоалети, кујни, па дури и дворски шупи, места кои порано биле изоставени од ваквата технологија.
 
Ред 24:
===Идни текови===
 
Од 2010 година, Wi-Fi технологијата широко се распространи низ сите индустриски и бизнис центри во светот. Во областа на бизнисот, како и во другите, зголемениот број на Wi-Fi точките на пристап предизвика преклопување на многу мрежи, поддршка за побрз роаминг и зголемување на капацитетот на мрежите преку користење на повеќе канали или создавање на помали ќелии. Wi-Fi технологијата овозможува и користење на програми за гласовна комуникација преку безжична мрежа (VoWLAN или WVOIP). Со текот на годините примената на Wi-Fi се движеше кон создавање на помали точки на пристап, со повеќе интелигенција програмирана во централниот комуникациски уред и доделување на улога на обични радија на индивидуалните уреди. За работа на отворено можат да изградат мрежа во која сите точки се меѓусебно поврзани. Од 2007 год г. па наваму, Wi-Fi уредите нудат и сигурен gateway на компјутерските мрежи, огнен ѕид, DHCP опслужувач, системи за обезбедување и други функции.
 
==Во минатото==
Ред 30:
Wi-Fi користи SC-DSSS (анг. single carrier direct-sequence spread spectrum) технологија која е дел од поголемата фамилија на SS (spread spectrum) системи и MC-OFDM (анг. multi-carrier orthogonal frequency-division multiplexing) технологија на радио пренос. Ослободувањето на одредени радиофреквенции, за слободно користење, ја овозможија појавата и развојот на Wi-Fi уредите, како и на другите безжични технологии како блутут, безжичните фиксни телефони и еднократниот конкурент на Wi-Fi технологијата, HomeRF.
Во САД, Федералната комисија за телекомуникации дозволи слободно користење на дел од фреквентниот спектар, со ново донесените правила на 9-ти мај 1985 година. Многу други земји подоцна го следеа овој пример, со што денес се овозможува употреба на неколку комуникациски технологии низ целиот свет. Дозволата која ја издаде Федералната комуникациска комисија во САД беше базирана на предлогот на Мајкл Маркус, член на оваа комисија, уште од 1980 година и требаше цели 5 години на истата за да стапи во сила. Тој предлог беше дел од поголем предлог за да се дозволи слободна употреба на фреквентниот спектар од страна на граѓаните и истиот тој предлог, во тоа време, беше оспоруван од страна на големите производители на електронска опрема и комуникациските регулатори.
Зачетоците на Wi-Fi технологијата се уште од 1985 год г. кога Федералната комисија за телекомуникации на САД, дозволи слободно користење на неколку фреквентни појаси. Во 1991год. NCR корпорацијата и ATиT ( NCR Corporation и AT&T) односно денешните Лусент Технолоџис и Агер Системс (Lucent Technologies и Agere Systems) го создадоа претходникот на денешниот Wi-Fi систем во Нејвеген, Холандија. Овај систем бил создаден за комуникација со системи на фискални каси; Првите безжични уреди се појавија на пазарот под англиското име WaveLAN и развиваа брзина на пренос од 1 Mbit/s до 2 Mbit/s. Вик Хејс, кој беше директор на IEEE 802.11 цели 10 години и подоцна беше именуван како „таткото на Wi-Fi технологијата” беше дел од дизајнерскиот тим кој ги создаде IEEE 802.11b и 802.11a стандардите
Поголем дел од IEEE 802.11стандардите врз кои се базира Wi-Fi технологијата (во својата a, g и варијантите на n генерацијата), според одлуките на судот, биле засновани на патентот 5,487,069 кој бил регистриран во САД во 1993 година, од страна на CSIRO, Австралиско истражувачко тело. Овај патент стана причина за судски спор кој ова тело го поведе против поголемите производители во компјутерската индустрија. Во 2009 година CSIRO потпиша договор под доверливи услови со 14 компании, меѓу кои Hewlett-Packard, Intel, Dell, Toshiba, ASUS, Microsoft и Nintendo. Приходот на оваа групација до октомври 2009 година порасна до 200 милиони австралиски долари, како последица на овие договори.
Европа води во прифаќањето на безжичната телефонија, но САД моментално води употребата на Wi-Fi технологијата, поради тоа што во САД лаптоп компјутерите, кои имаат вграден Wi-Fi адаптер, почесто се користат. Во јули 2005 година имаше 68,643 Wi-Fi локации низ целиот свет, од кои повеќето беа во САД, потоа втори на листата Беа Обединетото Кралство и Германија. Сад и Западна Европа го сочинуваа скоро 80% од сите Wi-Fi корисници во светот. Во изработка се планови за во САД да се обезбеди јавен Wi-Fi пристап како бесплатен јавен сервис. Но и покрај ваквите бројки, кои денес се далеку поголеми, користењето на Wi-Fi технологијата се уште е мала. Тогашната компанија Јупитер Рисерч (Jupiter Research) објави статистички податоци кои покажуваат дека само 15% од луѓето некогаш се поврзале на Wi-Fi сигнал и дека само 6% се поврзале на сигнал на јавно место.
Ред 36:
==Издавање на Wi-Fi сертификат==
 
Wi-Fi технологијата е основана врз IEEE 802.11 стандардите. IEEE ги развива и објавува овие стандарди, но не врши тестирање и сертифицирање на опрема од таков тип. Непрофитабилната Wi-Fi алијанса која беше формирана во 1999 год г. ја извршува оваа функција – да ги воведува и спроведува стандардите за интерфункционалнист и ретро складност и да ја унапредува технологијата на безжичните мрежи (WLAN). Во 2009 год г. Wi-Fi алијансата се состоеше од повеќе од 300 компании од целиот свет. Производителите - членови на Wi-Fi алијансата, чии производи го поминале процесот на тестирање за издавање на сертификат, добиваат право да ги обележат своите продукти со Wi-Fi логото.
Тестирањето за издавање на сертификат бара од уредите да бидат во склад со IEEE 802.11 стандардите за радио комуникација, безбедносните стандарди WPA и WPA2 и EAP стандардот за докажување на автентичност. Тестирањето, по барање, може да вклучува и проверка на складност со IEEE 802.11 нацрт стандардите, паралелна работа со мобилната телефонија кај уреди кои ги вклучуваат и двете технологии.
 
==Името Wi-Fi==
 
Името Wi-Fi е кратенка од англискиот израз Wireless Fidelity (мак. Безжична Веродостојност), кој потсеќа на стариот израз за класификација на аудио опрема, Hi-Fi (кратенка од анг. High Fidelity - мак. Висока Веродостојност) кој се користи од 1950 год г. Дури и Wi-Fi алијансата често го користи изразот Wireless Fidelity во своите дописи и документи; истиот термин се среќава и на документите на Американската асоцијација за информатичка технологија. Како и да е, терминот Wi-Fi, според изјавата на Фил Белинџер, никогаш не ни требало да значи нешто.
Терминот Wi-Fi беше искован од страна на фирмата за развој на брендови „Интербренд корпорејшн“, која била најмена од страна на алијансата да направи име кое ќе биде помилозвучно од името на стандардот на IEEE. Белинџер исто така изјави дека фирмата „Интербренд“ го создале името Wi-Fi од Hi-Fi како во игра со зборови и дека го исковале Wi-Fi логото според знакот на Јин и Јанг. Изразот Wireless Fidelity подоцна беше искористен за да се објасни значењето на терминот Wi-Fi.
Првично, Wi-Fi алијансата го користеше слоганот „Стандардот за Безжична Веродостојност“ (анг. The standard for Wireless Fidelity) во своите маркетиншки акции, но подоцна го изостави истиот. Но и покрај тоа, некои документи издадени од алијансата во 2003 и 2004 год г. го носеа изразот Wireless Fidelity во себе. Алијансата никогаш официјално не се откажа од овај термин.
Сличноста на логото со знакот на Јин и Јанг ја симболизира кофункционалноста на производот со другите уреди.
 
Ред 51:
 
Wi-Fi технологијата овозможува изградба на мрежи без употреба на кабли за порвзување на клиентите и со тоа ги намалува трошоците за изградба и проширување на истите. Местата, како простори под отворено небо и историски градби, каде што порано не било возможно да се пушти кабел, сега се покриени со безжични мрежи.
Од 2010 год г. производителите вградуваат Wi-Fi мрежен адаптер во секој лаптоп. Цената на чиповите кои ја градат Wi-Fi технологијата продолжува да паѓа, со што му овозможува на повеќе производители да ја вградат оваа технологија во своите производи. Wi-Fi технологијата денес масовно се користи во големите компании.
Различни конкурентни брендови за комуникациски мрежи и комуникациски врски можат да успешно да комуницираат на основно ниво. Уредите кои имаат Wi-Fi сертификат издаден од Wi-Fi алијансата се ретро складни со другите уреди. Wi-Fi означува и глобално функционална серија на стандарди: за разлика од мобилните телефони, секој стандарден Wi-Fi уред може да функционира било каде во светот.
Wi-Fi денес функционира во повеќе од 220.000 јавни [[Јавна точка на безжичен пристап|пристапни точки]] и во десетици милиони домови, компании, студентски домови и факултети низ целиот свет. Моменталната верзија на системот за кодирање на Wi-Fi, WPA2 (анг. Wi-Fi Protected Access encryption) се уште се смета за доволно безбеден, доколку корисникот употребува добра лозинка. Новите протоколи за квалитет-на-услуга (WMM) го прават Wi-Fi покорисен за трансфер на видео и аудио податоци; а механизмите за заштеда на енергија (WMM Power Save) го подобруваат функционирањето на батериите.
Ред 57:
===Ограничувања===
 
Ограничувањата во функционирањето и доделувањето на фрекфенции не се исти низ целиот свет. Поголем дел од Европа дозволува користење на дополнителни 2 канали за 2,4 GHz-от појас, за разлика од САД (1-11 спрема 1-13); А во Јапонија користат еден канал повеќе од Европските (1-14). Европа од 2007 год г. е многу хомогена во тој аспект. Многу збунувачки е фактот што Wi-Fi сигналот во суштина зафаќа 5 канали во 2,4 GHz-от појас и во САД има само три канали кои не се преклопуваат со други:1, 6, 11 и три или четири во Европа: 1, 5, 9 и 13 може да биде користен ако се гарантира дека целата опрема во блиската околина воопшто не го користи 802.11b, дури ни како резервна или контролна комуникација. EIRP (анг. Equivalent isotropically radiated power - мак. Ефективна изотропно емитирана моќност) во Европа е ограничен до 20dBm односно 100 mW.
 
===Домет===
Ред 89:
 
Безжичните точки на пристап (анг. Wireless access points) поврзуваат групи од безжични уреди со жичени месни мрежи (анг. wired LAN). Точките на пристап потсеќаат на мрежените хабови кои предаваат податоци меѓу поврзаните уреди, покрај (најчесто едниот) жичените уреди поврзани на нив, како ethernet хаб или свич, со што му овозможуваат на безжичните уреди да комуницираат со жичените.
Бежичните адаптери му овозможуваат на безжичните уреди да се поврзат во безжични мрежи. Ваквите адаптери жичено се поврзуваат со другите уреди преку надворешни или внатрешни портови како PCI (Peripheral Component Interconnect), miniPCI, USB (Universal Serial Bus), ExpressCard, Cardbus или PC Card. Од 2010 год г. сите нови лаптопи се произведуваат со вградени внатрешни адаптери. Внатрешните адаптери се потешки за поставување.
Безжичните насочувачи кои поврзуваат безжичните точки на пристап, ethernet свичовите и вградената програма на насочувачите, која го овозможува функционирањето на IP адресите, NAT (Network address translation) и DNS (Domain name servers) препраќањето преку вградениот WAN (Wide area network) трансмитер. Безжичните насочувачи овозможуваат жичените и безжичните ethernet уреди да се поврзат со едen WAN уред како кабловски или DSL (Digital subscriber line) модем. Безжичниот насочувач овозможува конфигурирање на сите три направи, главно точката на пристап и насочувачот, преку конфигурирањето на една централна алатка. Оваа алатка најчесто е вграден веб опслужувач до кој имаат пристап сите жичени и безжични клиентски уред и често сите WAN клиентски уреди. Оваа алатка може да биде и програма поставена на некој десктоп компјутер, како на пр. програмата AirPort на компанијата Епл.
Безжичните мрежни мостови ги поврзуваат жичените со безжичните мрежи. Мостот се разликува од точката на пристап по тоа што точката на пристап ги поврзува безжичните уреди со жичената мрежа на нивото на data-link слојот. Два безжични мостови можат да се искористат кога треба да се поврзат две жичени мрежи во места каде што не може да се постави кабел, како на пример две одделени куќи, па се поставува безжична врска меѓу нив.
Ред 96:
===Рекорди на домет===
 
Најголемите достигнувања во однос на домет на сигнал (постигнати со не стандардни уреди) се направени од Ермано Пјетросемоли од фондацијата ЕсЛаРед од Венецуела, кои успеале да пренесат 3 MB податоци на далечина од 382 км во јуни 2007 год г. Шведската Вселенска Агенција успеала да пренесе податоци од балон во стратосферата на далечина од 310 км, притоа користејќи засилувачи од 6 вати.
 
===Вградени системи===
Ред 114:
WEP енкрипцијата беше развиена за да се заштитат мрежите од упаѓачи, но сега е разбиена. Програмите како AirSnort или Aircrack-ng можат многу лесно да го пронајдат клучот кај WEP енкрипцијата. Кога ќе прегледа од 5 до 10 милиони криптирани пакети на податоци, AirSnort програмата може да го одреди клучот за помалку од секунда; поновите програми како Aircrack-ptw преку користење на таканаречениот Клајнов напад (анг. Klein’s attack) можат да ја разбијат WEP енкрипцијата со 50% успешност по само 40.000 прегледани пакети.
Како контра мерка, во 2002 година Wi-Fi алијансата ја одобри за употреба WPA (Wi-Fi Protected access) енкрипцијата која користи TKIP како повремено решение за новата технологија. Иако е посигурна од WEP, WAP енкрипцијата го надживеа предвидениот рок на користење, има општо познати сигурносни слабости и веќе не се препорачува за користење.
Во 2004 год г. IEEE го ратификуваше новиот стандард за енкрипција 802.11i или попознат како WPA2. Овај стандард се уште се смета за безбеден ако се користи на 802.11X опслужувач или со претходна размена на клучот за енкрипција (анг. Pre-shared key mode), употребувајќи добра и невообичаена лозинка.
 
===Ушкање===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi