Џошуа Рејнолдс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 2 год. → 2 г.
Ред 23:
Џошуа Рејнолдс е роден во [[Плимптон]], [[Девон]], на [[16 јули]] [[1723]]. Бил едно од единаесетте деца на селскиот училишен управник, и неговото образование го стекнал кај татко му. Но и покрај ова, Рејнолдс се покажал како љубопитно момче и тогаш бил запознаен со [[Захариј Маџ]], чија [[платонизам|платонистичка филозофија]] останала во него цел живот.
 
Од мали нозе покажал интерес за уметноста, па во 1740 станал чирак кај популарниот портретист [[Томас Хадсон]], кај кого останал да работи до 1743. Периодот од 1749 до 1752 год г. го провел во [[Италија]], каде ги изучувал Старите мајстори и го засакал т.н. „Велик стил“. нажалост додека бил во [[Рим]], Рејнолдс имал лоша настинка, од која останал делумно глув, и како резултат на неа морал да носи [[слушен апарат|ушна труба]], со кој е често прикажан. Од 1753, па до крајот на животот живеел во [[Лондон]], и наскоро по преселувањето таму неговите способности се здобиле со широко признание.
 
Рејнолдс во своето студио работел долги часови, ретко одејќи на одмор. И покрај ова бил друштвен и мошне интелектуален, со голем број пријатели од Лондонската интелигенција, меѓу кои [[Семјуел Џонсон|Д-р Семјуел Џонсон]], [[Оливер Голдсмит]], [[Едмунд Берк]], [[Хентри Трејл]], [[Дејвид Герик]] и уметникот [[Анџелика Кауфман]]. Заради неговата популарност како протретист, Рејнолдс уживал постојана дружба со богатите и славните, и бил првиот кој ги состанал славните ликови во „[[Клубот]]“.
Ред 30:
 
== Статус и реноме ==
Професионално, Рејнолдсовата кариера никогаш не го достигнала својот врв. Бил еден од првите членови на [[Кралско уметничко друштво|Кралското уметничко друштво]], и заедно со Гејнсборо ја основале [[Кралска академија|Кралската академија на уметностите]] како споредна организација. Во 1768 станал нејзин прв претседател, накоја фукнција останал сѐ до неговата смрт. Како предавач, неговите ''Говорења'' на тема уметност (одржани помеѓу 1769 и 1790 год г.) се паметат по нивната сензитивност и перцепција. Во една од овие предавања тој го искажал своето мсилење дека: ''„новините, во потесна смисла, се само нова комбинација на сликите претходно собрани и зачувани во помнењето.“''
 
Историски, Рејнолдс и Кралската Академија добивале мешовити критики. Негови критичари биле многу од [[Предрафаелити]]те, како и [[Вилијам Блејк]], кој подоцна ги издал неговите ''Прибелешки кон Говорењата на Сер Џошуа Рејнолдс'' во 1808. Спротивно на ова, и [[Џ. М. В. Тарнер]] и [[Џејмс Норткоут]] биле негови жестоки поддржувачи: Тарнер побарал да биде погребан веднаш до Рејнолдс, а Норткоут (кој четири години бил Рејнолдсов ученик) во една прилика му пишал на сејеството ''„Го познавам темелно, сигурен сум, заедно со сите негови мани, но сепак речиси го обожувам.“''