Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г., 5 год. → 5 г., 7 год. → 7 г., 9 год. → 9 г.
Ред 9:
 
== Биографија ==
Хајдн се родил во [[1732]] год. во местото Рорау - австриско село на тромеѓето помеѓу Австрија–Унгарија-Хрватска. Токму поради фактот што во тој дел од Австрија има бројно хрватско население, а и поради тоа што во делата на Хајдн се среќаваат хрватски народни напеви, хрватскиот музиколог Фрањо Кухол кон крајот на 19 век го изнесува фактот дека Хајдн потекнува од Хрватска. Меѓутоа подоцнежните испитувања утврдиле дека сепак тој е од Австрија, иако хрватскиот фолклор има огромно влијание врз неговато творештво. Уште како дете Хајдн ги добил првите инструкции по свирење на [[чембало]], [[виолина]] и пеење.Во [[1740]] год. оди во Виена, каде пристапува кон детскиот хор на школата „Св.Стефан“. Во 17 год г. поради мутирање на гласот тој излегува од хорот и се снаоѓа на свој начин во музичкиот живот на Виена. Настапува во разни хорови, свири во оркестри и започнува да пишува пократки творби, [[менует]]и и свадбени маршеви. Во тоа време пристапува кон приватната школа на италијанскиот композитор Никола Порпора, каде што Хајдн многу научил од композиторската техника. Тогаш тој стапува во служба на кнезот Паул Естерхази - унгарски аристократ на чиј двор ќе работи повеќе од 30 год г. Таму настануваат бројни дела меѓу кои: околу 60 симфонии, 40 гудачки квартети, 30 клавирски сонати итн. Обврските на Хајдн во дворот биле строго зацртени со утврдениот договор на кнезот и композиторот. Тој морал да внимава на уредноста и дисциплината на сите членови на оркестарот, како и на пеачите, да ги решава сите спорови меѓу нив, да биде одговорен за инструментите, потоа да компонира по желба на кнезот и да дава часови по музика, како и да ги подготвува сите музички приредби на дворот, а тие биле многубројни, бидејќи секоја недела таму се прикажувале по 2 опери и 2 концерта, како и посебни приредби во чест на високите гости во дворот. Таму Хајдн ја поминал својата вистинска композиторска школа. Неговиот благ карактер и љубезно постапување со сите присутни,предизвикал општа симпатија, така што членовите на оркестарот го нарекувале ; папа Хајдн; т.е татко Хајдн. Големината на тој карактер ја гледаме и во фактот што Хајдн отворено ја признал величественоста на [[Моцарт]], кога во [[1787]] год. добива нарачка за една опера во [[Прага]], која нарачка ја одбива предавајќи ја на Моцарт со зборовите дека тој е најголем композитор на векот, а Моцарт, благодарејќи му на Хајдн го пишува своето ремек дело-операта „Дон Џовани“. Напуштајќи ја службата кај Есерхази, Хајдн влегува во последниот период од својот живот во кој централни настани се двете патувања во Лондон. Во англиската престолнина Хајдн доаѓа во допир со нејзиниот развиен музички живот и големите претставници на англиската култура. Таму ја добива титулата (Оксфорд), почесен доктор на музичката уметност, а на враќањето во Виена преку Бон, го запознава [[Бетовен]], кој подоцна ќе стане негов ученик. Последните години од животот, Хајдн ги поминува во Виена исцрпен од прекумерната работа, а влегувањето на Наполеоновите трупи во Виена предизвикале голема возбуда, која не можел да ја преболи. Умира во 1809 год г.
 
Опусот на Хајдн е богат и разновиден. Во него среќаваме 104 симфонии, 4 концерти за пијано и оркестар, 3 коцерти за виолина, 2 концерти за виолончело, 77 гудачки квартети, 25 пијано – триа, 21 гудачко трио, 12 сонати за виолина, повеќе од 50 сонати - фантазии И варијации за пијано, повеќе од 200 творби за инструментот наречен баритон, на кој често свирел кнезот Никола Екстерхази, 3 ораториума, 14 миси, 2 реквиеми и други духовни творби, повеќе од 24 опери и оперети, 40 соло песни и многубројни обработки на народни песни од Шкотска и Велс.
Ред 15:
== Творештво ==
=== Симфонии ===
Развојниот пат на Хајдн како симфоничар бил долг и трперлив. Со тек на време бројот на симфомии што ги напишал е се помало, а значењето е се поголемо. 60–тите години на 18 век, тој напишал околу 40 симфонии, 70–тите, околу 30 симфонии, 80–тите околу 20 симфонии, а во 1790 – 1795 год г. последните 12 симфонии. Неговите први симфонии се слични на дивертимента, каде сонатната форма не е јасно изразена, бидејќи нема втора главна тема, ниту пак развоен дел.
Во 80–тите год. на стануваат т.н. “четврти париски симфонии” кои се претходници на неговите најзрели дела наречени “лондонси симфонии“. Заедно со најзрелите симфонии на Моцарт “лондонските симф.” на Хајдн се врв на Европската симфониска музика од 18 век. Во нив е утврден класично симфонискиот стил и сонатната форма, а од друга срана пак тука Хајдн обично се служи со богатството на музичкиот фолклор, посебно хрватскиот. Тие симфонии се жив пример на неговиот голем оптимизам и хуманост. Што се однесува до оркестарот, тој е речиси целосно развиен со флети, обои, фаготи, хорни, труби, гудачи, тимпани и разновидни други ударалки. Во развојниот дел често учествувале сите инструменти, а музичкото дејствие преоѓа од една оркестарска група на друга. Скоро сите сите лондонски симфонии, а и некои претходни почнуваат со увод во бавно темпо кој често е тематски поврзан со градбата на првиот став. Моцартовото влијание е нагласено во се поголемата кантабилност И во емоционалната продлабоченост во бавните ставови. Карактеристичен е фактот дека последните ставови носат богата примена на полифони постапки, а менуетите по својот карактер се повеќе се приближуваат кон скерцото,па се поблиску и до Бетовеновите скерца.
 
Ред 32:
Најобемните дела на Хајдн од вокалниот род се неговите ораториуми:
„создавање на светот” и „годишни врениња“. Голем поттик за создавање на овие дела Хајдн добива во Лондон слушајќи ги изведбите на ораториумите на Хендл. Во последната етапа од својот живот Хајдн во овие дела повторно се предава целиот и како човек и како уметник. Љубовта за убавините на природата,за животот во неа и за човекот како средишен дел во неа се теми на овие обемни химни со хуманистички карактер. Големиот мајстор на оркестарот во нив дава најуспешни примери на програмската музика во доцниот 18 век. На крајот тие се израз и на оној оптимизам, животна ведрина и радост, но и рафиниран хумор во самиот карактер. За композиции со чија помош Хајдн се борел за поубав и посреќен свет и за похумани односи на луѓето во овој свет
 
 
{{Австрија-музичар-никулец}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:Хајдн, Јозеф}}
 
[[Категорија:Австриски композитори]]
[[Категорија:Просветителство]]